Леброн Џејмс
9. јули 2001 година, New York Times: „Средношколец во НБА?“
„Армија кошаркарски стручњаци и речиси сите скаути и тренери на НБА тимовите се собраа вчера да ги гледаат 220-те најдобри средношколски кошаркари. Меѓутоа целото внимание беше насочено кон еден играч. Има 16 години, роден е во Акрон (Охајо), а учи во школото на Сент Винсент и Сент Мери.
Многу од стручњаците веруваат дека клинецот по име Леброн Џејмс, двометарски плејмејкер, бек шутер и крило (понекогаш игра навистина на три позиции), ќе влезе во првиот круг од НБА драфтот годинава. Но чекајте. Едно е кога тројцата од првите четири пика на драфтот имаат завршено средно образование. Но средношколец да влезе директно во НБА?
Следната година, Леброн дефинитивно ќе може да биде на НБА драфтот. Ќе биде постар, посилен и попаметен, изјави претседалетот и директор на четиридневниот Адидас кошаркарски камп Сони Вакаро. Но повторно: Средношколец во НБА? Мора да се шегуваш, зар не? - Леброн можеби сè уште не е атлета за НБА, но неверојатно ја чувствува играта, изјави Том Кончалси, специјализиран стручњак за школски играчи. Тој веќе сега е два чекора пред Винс Картер и Трејси МекГрејди, дури мислам дека ја разбира играта повеќе од нив. - Мислите ја чувствува подобро играта од нив кога биле на негови години? - Не, туку ја чувствува повеќе од нив на овие години, изјави Кончалски за Леброн.
Џејмс на 16 години:
Февруари 2002, Sports Illustrated: „Избраниот"
„Тешко е да се разбере што импресионира повеќе: фактот дека Леброн беше најдобар играч во средно училиште, фактот што многу НБА скаути веруваат дека тој може да стане прв пик на Драфтот годинава (само ако НБА не му забрани да се кандидира) или фактот дека публиката го препознава така лесно како Мајкл Џордан во берберница.
Минатата година тој беше единствениот средношколец кој беше поканет на тајниот тренинг на Џордан во Чикаго. Леброн редовно комуницирал со ѕвездата на Селтик, Антоан Вокер кој бил најдобар пријател на Џејмс меѓу НБА играчите. Кога сакал карти за првиот ред за натпреварите на Кливленд, очувот Еди Џексон му се јавил на телефон на тренерот на Кавалирс Џон Лукас и ги набавил. Леброн се дружел со Мајкл Финли, Трејси МекГрејди и Џери Стакхаус. Седел во ред со неговиот омилен рапер Џеј Зи.
Веќе споменавме дека Леброн штотуку наполни 17 години, нели?
Френк Лампард
Февруари 1995. година, Hammers News: „Статија за играчите кои импресионираат во јуниорскиот и младинскиот тим".
Кои се твоите предности и слабости?
-Силна страна ми се прецизниот пас и техниката. Но морам да работам на играта во одбраната и на воздушните дуели особено во текот на натпреварите.
Кои се твоите амбиции?
-Сакам да влезам во првиот тим на Вест Хем и да станам стандарден во него. Тогаш ќе биде одлична прилика да заиграм и за репрезентацијата на Англија.
Омилено јадење?
-Мекдоналдс и тестенини.
Омилен пијалак?
-Кока-кола.
Тренерот на јуниорскиот тим на Вест Хем, Тони Кар: „Френк започна добро. Влезе во младинскиот тим и се стекна со драгоцено искуство со настапите во резервниот тим. Мислам дека може да оди многу далеку, но времето ќе покаже".
23 февруари 1997. година, Independent: „Вест Хем се враќа меѓу корените"
Името Френк Лампард (син на некогашниот стопер на Вест Хем Френк Лампард) се најде во протоколот еден меч и тоа го збунило новинарот на една локална радио станица: "Неверојатна вест! Меѓу резервите на Вест Хем денес може да се најде Френк Лампард. Би требало да е тој, иако има многу години".
26 ноември 1998-ма, The Guardian: „Лампард не мрда никаде"
„Во текот на вчерашниот ден Вест Хем стави јасно до знаење дека нема да го менува односот кон младите играчи. Понудата на Тотенхем за купување на младинскиот репрезентативец на Англија, Френк Лампард беше одбиена. Спарси понудија 4,3 милиони фунти за него, сепак тренерот на Вест Хем брзо ги одби: Ако некои клубови мислат дека ние немаме денар во џебот и сме подготвени да ги продаваме играчите, длабоко грешат", изјави Хари Реднап кој разговарал со сопственикот на клубот кој се согласил дека Лампард не е за продажба.