Кливленд по се изгледа нема одговор ниту решение за Голден Стејт. Воините уште еднаш мошне убедливо ги добија Кавалирси и покрај тоа што гостите успеаа да ја добијат првата четвртина во Оукленд.
Актуелниот првак беше доминантен во сите преостанати периоди од дуелот. Неверојатниот Драјмонд Грин на најдобар можен начин ја искористи проблематиката на Стеф Кари со фаулите и ја презеде лидерската улога во тимот. Мечот го заврши со 28 поени, 7 скокови и 5 асистенции, а погоди и 5 од 8 шута за три поени.
Steph pretending he was playing 2K during the game pic.twitter.com/qOSk8HVkms
— Steve Noah (@Steve_OS) June 6, 2016
Втор стрелец беше најдобриот играч (МВП) за минатогодишната сезона, Стеф Кари со 18 поени и 9 скокови. Клеј Томпсон уфрли 17 поени и 5 асистенции. Одлична ролја одигра и Леандро Барбоса со 10 поени. Кај Кавси, Леброн го заврши мечот со 19 поени, 9 асистенции и 8 скокови, а Ричард Џеферсон запиша 12 поени.
Со остварениот 87-ми триумф сезонава, Голден Стејт го израмни рекордот на Чикаго Булс од 1995/1996 кога легендарната генерација имаше исто толку победи во една сезона.
Како актуелен шампион, Вориорс ја оствари и најголемата просечна и вкупна разлика во историјата на финалните дуели во НБА, кога се сметаат првите две средби. Серијата се сели во Кливленд а третиот дуел ќе се игра во ноќта меѓу среда и четврток.
When you take a 2-0 series lead... pic.twitter.com/MInLjGOLC8
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) June 6, 2016
„Дефинитивно сум изненаден со разликата, но тоа се случува во НБА лигата, некогаш работите едноставно ви бегаат. Некогаш шутевите влегуваат, некогаш не. Се ќе се смени кога ќе одиме во Кливленд, знаеме тоа", изјави Стив Кер, непосредно после мечот.