Главниот меч за Божиќ во САД го одбележа контроверзна победа на Вориорс и лошо судење. Дурент наместо техничка за прекршоците над Леброн, доби помилување од чудните судии.
Голден Стејт Вориорс го сопре Кливленд на само 32% погодени шутеви и им се реваншираше за поразот пред точно една година. Актуелниот првак славеше со 99:92 (24:28, 22:16, 25:23, 28:25). Ова е шеста победа на Вориорс против Кавалирс во последните седум меѓусебни средби.
Но победата на Голден Стејт помина со многу контроверзи. На -3 Кливленд имаше напад, го предводеше Леброн а судиите не досудија очигледен фаул од Дурент:
I’ll just leave this clip here and let you guys fight it out pic.twitter.com/msrjDpz2SC
— BBALLBREAKDOWN (@bballbreakdown) December 25, 2017
Во решавачките моменти при резултат 95:92 за домаќинот, Леброн тргна на влез, Дурент направи очигледен фаул но судиите одбија да свирнат и Голден Стејт ја задржа предноста до крајот:
Foul or no foul on Durant? pic.twitter.com/sdolRj1IdQ
— ⓂarcusD (@_MarcusD2_) December 25, 2017
How the refs missed THIS one, I have no idea pic.twitter.com/fvCDoXOc42
— BBALLBREAKDOWN (@bballbreakdown) December 25, 2017
„Многу е голем. Многу е голем за такво нешто. Многу е голем, немаше фаул“ повторуваше Дурент после мечот.
Kevin Durant clutch block on LeBron James pic.twitter.com/cFzGQCLaq4
— The Render (@TheRenderNBA) December 25, 2017
„Ме фаулираше два пати“, прокоментира Леброн после средбата:
Драјмонд Грин имаше трипл-дабл и стана само шестиот играч во историјата со таков учинок на Божиќ. Грин го заврши мечот со 12 поени, 12 скока и 11 асистенции. Дурент имаше 25 поени, 7 скока, 3 асистенции и 5 блокади, а Клеј Томпсон 24 поени со 7 скока.
Кај гостите од Кливленд кои ја прекинаа победничката серија Кевин Лав беше најефикасен со дури 31 поен и 18 скока, Џејмс уфрли 20 поени со 6 скока, 6 асистенции и 7 изгубени топки. Краудер додаде 15 поени со 6 скока.