Сè повеќе облека се прави од алпака. Обично се купуваат од мали стада во Перу каде што се одгледуваат со векови и сè повеќе дизајнери и дуќани се фаќаат решаваат да работат со новата „волна“.
Kаква е таа реалност која како магла ја растеруваат неколку децилитри вотка? Нешто не е во ред со таа реалност. Не со реалноста, ќе речат трезвењаците, со сетилата. Добро тогаш, што правиме со такви сетила? Како да им веруваме? Ништо не е во ред ниту со сетилата ниту со реалноста; јадни конвенции, лажни како и секојдневната куртоазија.
Идеалната жена во 19 век има бледа, речиси провидна кожа, заруменети образи, црвени усни, бели заби и блескави очи. Слаба е и има елегантна клучна коска. Може и да е склона кон онесвестување. Погодете зошто.
О.Н. им забрани на кипарските Турци да градат пат што треба да спои некои тамошни населби. Кипарските Турци од друга страна не се сеќаваат дека го прашале О.Н. што да прават на своја земја. О.Н имаат бели џипишта, Турците имаат жолти багери.
Очекувавме да изначитаме кукања за застареноста на серијата и ултра-навреденост за некои појави, ама Рајан Филип од Вог, со своите 23 години едноставно - изгледала и кажала. Патем, серијата има 25 години.
Диет_Прада труби за нешто што го вика „SHEIN propaganda trip“, а американските инфлуенсери што отидоа (на бесплатно патување) да ги видат условите во огромната фабрика за производство на облека тврдат дека пропагандата доаѓа од дома.
Се ближи новата Мет Гала - најважниот настан во модниот свет и сите полека се спремаат да судат и да коментираат за тоа што доаѓа. Особено е контроверзно - темата е Карл Лагерфелд, а него безуспешно постхумно пробаа да му направат кансел.
Група канадски машки парламентарци парадираат околу маса носејќи бели и розевки розеви чевличиња (број +45) на високи штикли, за да ја помогнеле борбата против насилството врз жените. Како одење на штикличиња помагаат во таа борба, нив да ги прашате. Ама, ако идејата ви звучи глупо, чекајте тек да ја видите реализацијата.
Ако ваквиот наслов ви е нејасен и не гледате никаква логика во него, единствено алиби би ви било ако штотуку сте се разбудиле од долга кома и сте се нашле во оваа ера на родови флуидности и бескрајни самоидентификации. „Ако само треба да обзнанам како се чувствувам, без никому ништо да објаснувам, зошто не можам да бидам црна лезбејка?“ праша Морган една гостинка.
Луѓе со дипломи, бели мантили и лаборатории седнале да изучуваат пуштање вода во ВЦ шолја. Заклучиле дека при пуштање вода од шолјата излегува еден облак микро-фекалии, кои освен гнасниот дел, со себе носат и бактерии, патогени и вируси, што пак е послебно одвратно во јавни тоалети. За да не мора да ви објаснуваат што точно се случува, ви снимиле видео.
Карен стана генеричко име за оние разгалени жентурачи кои мислат дека светот се врти околу нив па све нешто звоцаат („Да не не ти го изладија Розето доволно, дарлинг“) ги праша еднаш таквите Бил Бур. Но, оваа Карен, Карен Атаја, е уредничка во Вашингтон пост и бие битки против Маск и белите супрематисти на Трамп. Како кои бели супрематисти?
„Човеков… Секако беше извонредно талентиран, но ја користеше платформата на така тенденциозно безобразен начин, главно кон жените, толку често и до крајот на животот.“