Индустријата на диверзитет е лоша за работа

Колку е една компанија поосвестена, толку помалку малцинства сакаат да работат таму.

„Колку повеќе разноликост во еден бизнис, толку е поуспешен.“ Ова е мантра на ејч-ар менаџери, професори во школи за бизнис, директори и Вол Стрит Журнал веќе неколку децении. Идејата е дека компании чиј персонал претставува различни идентитети се попрофитабилни од тие што вработуваат само бели старци. Со други зборови, има финансиска смисла за една фирма да почитува еднаквост, разноликост и инклузивност.

Има само еден проблем овде. Има исклучително мала основа за тврдењата дека профитот и диверзитетот се поврзани. Една статија во Харвард Бизнис Ривју од 2020 истакнува дека „нема истражувања што ја подржуваат идејата дека мешање на работната сила автоматски го подобрува перформансот на компанијата.“ Дури и истражувањата што тврдат дека покажуваат дека компаниите што вработуваат малцинства ќе уживаат во зголемување на приходот, не можар да ја најдат врската. Ова не треба да нè изненадува - ни бојата на кожата ни гениталиите не го одредуваат осетот за бизнис. Токму од оваа причина компаниите треба да се фокусираат на вработување на најдобрите за која и да е позиција - без разлика на нивниот идентитет.

Нема ни докази дека компанија што се залага за диверзитет ќе привлече луѓе што меѓу себе ќе се разликуваат по идентитет. Напротив - Американската психолошка организација известува дека малцинствата може и да ги одбијат „мисиите“ на фирмите каде што се истакнува дека разноликост на позициите е добро за бизнис. Осумдесет проценти од сите Fortune 500 компании се фатени за ова, па истражувачите побарале од луѓе од три различни малцинства да прочитаат мисија-изјави од измислени компании, пред да ги прашаат колку би сакале да работат за нив. Откриваат дека кога луѓето читаат вакви службени изјави на компаниите, не им се работи таму - загрижени се дека ќе ги гледаат и ќе им судат и ним и на нивната работа во однос на нивниот социјален идентитет.

Ако се почне со копање подлабоко, станува јасно што им е всушност битно: имиџ, репутација и брендирање. Како сите да сакаат персоналот да им личи на екипа од тин-хит на Нетфликс или модерна рекламна кампања. Менаџерите се многу позаинтересирани нив да им е фино чувството, отколку реално да ангажираат разнолика екипа.

И станува сѐ појасно дека вака бизнис не се води.

Џоана Вилијамс

2 ноември 2022 - 12:21