Еден од најголемите тимови во Формула 1, Скудерија Ферари го претстави својот нов болид за новата сезона 2024. Болидот не наликува на неговите претходници и во Ферари сметаат дека е апсолутно најдобар досега. Новата сезона почнува со трка за Големата награда на Бахреин закажана за 2-ри март. Новиот болид на Ферари ќе го возат членовите на овој тим Карлос Саинц и Шарл Леклер кои ќе пробаат да ги тргнат од тронот Ред Бул и Макс Ферстапен.
По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.
Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
Славни бразилски имиња одиграа хуманитарен натпревар поделени црни на бели. Зико вака го гледаш со мев и со бавни движења, што е нормално за годините, ама мозокот уште му работи за фудбал.
Англиски новинар се обидува да долови атмосфера од земја каде не е така лесно да се биде гостин и присуствува на квалификациски меч за азиски Куп меѓу Северна Кореја и Либан. Стадионот е полн, сите се скоцкани во бели кошули и црвени кравати, забрането е да се сликаат џандари, нема продажба на навивачки реквизити, тешко се стигнува до било ваква информација.
Бразилскиот тренер Вандерлеј Луксембурго беше селектор на „Селесао“ на неколку големи натпреварувања а покрај него стасаа играчи како Роналдо, Роберто Карлос, Едмундо, Ривалдо и други. Играчите редовно се чуделе на неговиот карактер.
Дојдоа вчера попладне, тренинг не одржаа, туку директ во хотел Мериот каде имаа и прес конференција. Планот на прва им изгледаше дека ќе бидат целосно недопирливи за јавноста како Реал и Манчестер, арно ама не било така. Браво, ова е голем клуб.
Илјадници луѓе меѓу кои имаше и навивачи на Сандерленд, Њукасл и Евертон се собраа во Кантри Дархам попладнево за да го испратат малиот Бредли Лоуери на вечниот пат.
Со големиот триумф над Каролина Вознијацки (12-та во свет), 47. тенисерка на светот Елена Остапенко стана првата Летонка која што стигнала до полуфиналето на славниот Гренд слем турнир во Париз.
На денешен ден пред 26 години Црвена звезда го победи Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европски шампиони (денес Лига на шампиони) и влезе на вечната листа на освојувачи на овој трофеј.
По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.
Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.
Едно време за оние помалку упатените постоеше заврзлама со прашањето дали е правилно Ирак или Иран. На фудбалската мапа постојат клубови со потполно или приближно исто име кои те тераат повеќе да размислиш кога ќе се сретнат меѓу себе.
Џибрил Сисе, кој беше еден од најхаризматичните играчи на времето па клинците Марио Балотели и Пол Погба сакаа да бидат како ѕвездата на филмот Такси 4 и прават фризури како него, објави дека ќе работи како диџеј и моден креатор.
Полемиката Јуве - Интер по суспензиите од два меча за Икарди и Перишиќ трае веќе 7 дена. Навивачите на Интер решија со шпанската ’пањолада’ (бели марамчиња во знак на протест) да искажат револт од одлуките на дисциплинската комисија на италијанската фудбалска федерација. Делуваше импресивно.
Горан Бели Стојановиќ. Ракометна легенда која бранеше од времето на Југославија 85-та па се до 2011-та, веројатно колку и да сакал ни во 26 годишната кариера не можел да ги повтори овие чудесни одбрани, особено оние две во еден напад во кои реагираше како Џиџи Буфон.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Ќе ви раскаже чичко Ивко, во најновата шеста епизода од нашиот човек-енциклопедија за историски спортски приказни и анегдоти од минатото. Договорот паднал во просториите на Милан, каде Италијанците за засилување барале една легенда од Штип.
По Ница и Марсеј, редот му дојде на Лил, градот во непосредна близина на белгиската граница кој ќе биде домаќин на шест мечеви од групата во која ќе играат Англија, Словачка, Русија и Велс и два од нокаут фазата.
На стадионот Висенте Калдерон во Мадрид, речиси две децении, секој викенд кај едното корнер знаменце се положува цвеќе како благодарност до човекот кој му ја донесе последната двојна круна на клубот во 1996. година.
Непишано правило во шпанскиот фудбал е: Кога навивачите ќе замафтаат со бели марамчиња, тренерот нема веќе што да бара во тој клуб. Тоа е традиционално барање оставка од тренерот, овојпат од Бенитез по дебаклот од Барселона (0-4) на Ел Класико.
Во модерниот фудбал има серии на непобедливост, рекорди на голмани кои не примиле гол преку 900 минути и по пет голови за 9 минути. Рекордот на Ајаксовата генерација од 1994/1995 сè уште не е стигнат.
Пред помалку од една година го сметаа за херој што ја спаси Валенсија од пропаст, а сега на Местаља сè повеќе се мавтаат бели марамчиња, симболичен знак на шпанските стадиони кога тренерот треба да си оди.