Претставување на домаќините на Евро 2016-та

Лил - раскрсницата на Лондон, Брисел и Париз

По Ница и Марсеј, редот му дојде на Лил, градот во непосредна близина на белгиската граница кој ќе биде домаќин на шест мечеви од групата во која ќе играат Англија, Словачка, Русија и Велс и два од нокаут фазата.

Како до Лил?
 
Лил е релативно близу Париз и се наоѓа на раскрсница меѓу неколку европски дестинации. Најзгодно до Лил може да стигнете со лет до Париз или Брисел, а потоа до крајната дестинација со екстремно брзите возови.
 
Една од станиците на француската железница ТГВ се наоѓа близу аеродромот Шарл де Гол во Париз. Од престолнината до Лил со воз има еден час (дневно 30 поаѓања). Главниот град на Белгија, Брисел е уште поблиску до Лил од Париз, така што композициите до таму стигнуваат за 40 минути. Одлична железничка линија има и од Лондон до Лил и трае час и половина а дневно поаѓаат 20 линии.
 
Каде да се сместите?

Лил има широко градско подрачје. Покрај овој град се наоѓаат предградијата Вилнев д'Аск, Рубе, Туркуен, како и најблиските белгиски градови Мускрон и Кортрик. Во случај да изнајмите автомобил, изборот на сместување ќе ви биде поголем. Стадионот се наоѓа во предградието Вилнев д'Аск, каде што е жолтата линија на метрото и не мора да барате строго сместување во центарот на Лил.

За помалку од 50 евра може да најдете пристојно сместување во близина на стадионот Пјер Моруа.

Фудбал

Како што обично биднува со прекарите, никој не знае со сигурност зошто Лил го носи прекарот Кучињата: Дали поради тоа што стариот претседател порано влегувал со куче во работната просторија или затоа што стариот стадион се наоѓал близу домот за кучињата скитници.

Клубот на почетокот го барал своето педигре: Во 1901. година клубот се викал Фив, па Олимпик Лил кој во 1932. година станал шампион на Франција за првпат. По несогласувањата кој е прав наследник на новиот Лил, дали Фив или Олимпик, во 1944. година доаѓа до обединување. Фив играл во сино-бели дресови, додека клупските бои на Олимпик биле црвени. По основањето на Лил, клбуот заиграл во црвена опрема. 10 години подоцна, клубот по вторпат станува шампион на Франција На следниот трофеј Лил чекал повеќе од половина век, а најголем дел од историјата бил второлигаш.

Единствениот современ успех Лил го имаше во 2010/2011 кога екипата под водство на тренерот на Рома, Руди Гарсија и со Еден Азар, Дебуши, Кабаје, Адил Рами и Жервињо во составот ја освои титулата во Франција. Откако овие фудбалери го напуштија северот на Франција, клубот се врати во вообичаеното секојдневие како аутсајдер во лигата.

Стадион

Само Париз со своите два стадиони ќе види повеќе натпревари од другите градови домаќини на ЕП. Во Лил ќе се играат шет натпревари, вклучувајќи го и еден од 1/4 финалето и еден од 1/8 финалето. Англија, Словачка, Русија и Велс ќе играат на стадионот кој е наречен по поранешниот градоначалник, а подоцна француски премиер Пјер Мору.

Арената во Лил има капацитет од 50.000 луѓе и е изградена за потребите на Евро 2016. Стадионот е отворен во есента 2012. и веќе успеа да се здобие со митови и легенди. Пјер Моро починал неколку месеци по отворањето на стадионот. Од тој момент во градскиот совет се потегнало прашањето за името на стадионот, по што властите излегле со меморандум дека стадионот може да го носи само и само името Пјер Мору. Ниту една комерцијална организација не може да го добие името, како што се случи на пример во Ница (Алијанц Ривиера) или во Бордо (Матмут Атлантик).

Стадионот има кабриолет дизајн кој овозможува одигрување, фудбал, рагби како и концерти. Стадионот може да се конвертира и во кошаркарска сала, па така се играа и мечеви од ЕП 2015. кога се постави рекорд на кошарка со 27.372 гледачи. Реликвија на новиот стадион е отисок од раката на Тони Паркер, како и од капитенот на фудбалскиот клуб, Рио Мавуба иако не е многу јасно зошто баш печат од него.

Каде да се седне?

Конечно стигнавме до делот во кој ќе најдеме одговор зошто во земјата на виното, не е нужно да пиеш само вино. Свој простор нашло и пивото. Лил е Фландрија, а Фландрија е пиво и тоа повеќе од 300 различни видови на пиво.

Le Capsule - Автентично место на два чекори од тврдината Цитадела се наоѓа ова место. Изборот на пива, точени или флаширани е голем. Овде нема телевизори на ѕидовите, туку еден голем видео бим на кој ќе се гледа фудбал. Од мезето, сирењата и колбасите се најпрепознатливи за Лил. Адресата на местото е rue des Trois Molettes, 25. Во Лил дефинитивно треба да се проба и фламанското говедско месо со пиво. Секој од регионалните специјалитети во Лил не изнесува повеќе од 13 евра.

Во предградието Вилнев Д'Аск се наоѓа метро станицата Триоло од која до стадионот има 5-7 минути пешачење. Во околина на станицата се наоѓа барот Ле Вилнев кој нуди неверојатен избор на пива.

Градот

Самиот факт што Лил е оддалечен 220 км од Париз, 260 од Лондон, 73 км од Гент, 270 од Амстердам зборува доволно. Градот Лил ја има најдолгата метро линија на светот: две линии и траки од 45 километри (60 станици). Во Лил има трамвајски линии (35 станици), како и 68 урбани автобуски рути од кои 8 минуваат близу границата со Белгија. Дневна карта е 1,30 евра.

Лил е вториот град по големина во земјата. Во Франција, не се гледа редоследот на градови според населението туку според други параметри, затоа што на пример и Марсеј, и Лион и Лил би можеле да претендираат за улогата втор град во Франција според населението. Широкото градско подрачје на Лил брои околу милион и сто илјади жители. Уште 800.000 Французи живеат од другата страна на границата со Белгија, а се сметаат себеси за дел од метрополата Лил.

Лил во принцип повеќе наликува на белгиски град, по архитектурата, културата, гастрономијата, менталитетот. Стариот историски град припаѓал во еден момент на регионот Бургундска Холандија. Денес модерната француско-белгиска граница е само 14 километри. Сепак културната разлика постои и најлесно се одгледува во поговорката: Љубителите на вино разговараат со љубовниците, а љубителите на пиво со соседите. Во оваа поговорка е формулиран кодот на фламанските и француските културолошки разлики.

На 105 метри се наоѓа зданието Отел де Вил, кој го нуди можеби најубавиот поглед на градот. Наутро ако прошетате по градскиот плоштад ќе начекате улични пеачи и етнички пазари на кои може а најдете разни ситници од целиот свет.