На мечот меѓу Партизан и Виртус Болоња (75:77) во Евролига, навивачите на белградскиот тим направија прекрасен призор со илјадници фрлени плишани мечиња на паркетот, како новогодишен подарок за децата од социјално загрозените семејства. Притоа компанијата НИС (Нафтна индустрија Србије) најавила дека за секоја играчка на паркетот ќе донира по 1.000 динари за да се купи зимска облека и чевли за деца од социјално загрозените семејства.
Налетавме на интересен статус на ФК Коњаре кои споделија видео од последното гостување против Башкими, инаку третолигаши од околината на Скопје. И двете екипи се воодушевени од атмосферата и со право, бидејќи ваква посетеност нема на многу прволигашки натпревари. Па уште и бели ленти има, како во Јужна Америка.
Во средината на октомври на профилите на социјалните мрежи на лондонски Арсенал се појавија клупски фотографии од женската екипа и веднаш разбудиле еден дел од тамошната јавност.
Со висина од фасцинантни 222 сантиметри, младиот Французин Виктор Вембанјама кој како прв пик на драфтот летово беше избран од Сан Антонио Спарс влегува во редот на највисоките кошаркари на светот. Да се потсетиме кои се?
Навикнати сме кај нас на фудбалски сцени со крави и волови на терен, гледачи по балкони и кровови, а и на софри со бели чаршафи. Ама дека ќе дочекаме момент како може да се гледа 14 кратниот првак на Европа од брдо и тоа во прва лига, немаше шанси да поверуваме.
Нa покана на генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис, претседателот на КФМ, Перо Антиќ бил во работна посета во седиштето на меѓународната кошаркарска федерација во Женева. Заглис му подарил врамен записник од првиот натпревар под капата на ФИБА на кој настапил Перо Антиќ.
Борко Ристовски во гостување на видео подкаст, повторно распали против првиот човек на КФМ, но овој пат многу подиректно. Потоа пак го критикуваше и Кире Лазаров како селектор. Посочи тројца стандардни играчи зошто не се дел од репрезентацијата.
Во екот на допинг аферата, Динамо направи одличен гест кога не му го сврте грбот, туку напротив се извлече од целата борба. Кога му беше најтешко Динамо не го напушти. Кога им беше најтешко на Динамо, ги водеше Адеми.
На меч меѓу Маѕарезе и Ниса во рамки на сицилијанската регионална лига, Џоакино Џардина го постигна најбрзиот гол во историјата на италијанскиот фудбал и ќе влезе во Гинисова книга на рекорди. Од самиот центар на игралиштето, Џардиано постигнал гол за 3,81 секунди.
Целиот свој живот го поминал на 200 метри од границата со Уругвај, земја која што многу ја засакал. Од рана возраст цртал многу убаво па случајно решил да се пријави на конкурсот за нов дрес на фудбалската репрезентација на Бразил.
Сите кои синоќа го проследија дербито Тотнем - Сити можеа да приметат дека теренот беше изоран како бавча и не доликуваше на стадион каков што е храмот на фудбалот „Вембли“. Кој го упропасти?
Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.
Низ историјата, Nike и adidas имаа многу врвни реклами со интересни поенти, но неодамнешниот трик на германскиот гигант во Париз, безусловно заслужува максимално внимание и почит. И кажува многу повеќе од една фудбалска игра.
Кога сите едвај чекаат судијата да го стави свирчето во уста и три пати да дувне за да означи крај, малиот борец Канте неуморно ора по теренот без разлика на резултатот. Ќе стане ли најдобар игач на Светското и може ли на Франција да ѝ донесе титула светски шампион?
По 10 дена борба за живот, почина 20 годишниот Никола Саздовски. Случајот има навивачки призвук. Жртвата е член на Комити, а убијците на Шверцери. Да се немало крај од овие говнарии на етничка основа. Од една расправија на Фејсбук, се дрзнаа живот на млад човек да одземат.
Шаховницата на хрватскиот дрес е една од најнестандардните и најнеобичните во фудбалот. Но самата идеја за неа не е поврзана со љубовта на нацијата кон шах, ниту со мејнстримот на толпата.
Nike е подготвен да ја претстави последната генерација на Mercurial, наменета за експлозивни играчи, кои имаат потреба од брзина. За играчот кој го користи своето темпо, брзина и непредвидливост да го победи противникот.
Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.
Да, Исланѓаните многу сакаат фудбал и скоро цела земја остана пуста откако илјадници од нив отпатувале во Русија на Светското. Ама она што го прават луѓето од Перу за својата фудбалска репрезентација се коси со здрав разум и е лудо.