- Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња изминатиов викенд бил гостин на некогашниот европски првак Црвена звезда. Гоче во неколку наврати низ годините изјавуваше дека уште од мал имал симпатии за белградските „црвено-бели“.
- Слободното време по завршувањето на чудесната кариера Пандев го искористил да дојде до стадионот „Рајко Митиќ“ каде претседателот на Црвена звезда Светозар Мијаиловиќ го прошетал низ музејот и клупските простории.
- „Музејот е прекрасен. Видов сè што еден клуб каков што е Црвена звезда освоил, тоа е историја! Ќе остане запишано засекогаш во книгите. Знам колку навивачите на Црвена звезда го сакааат клубот, за нив е Звезда сè. Тука настапуваа играчи од Македонија, а за мене лично Панчев и Илија Најдоски оставија најголем белег. Освоија Лига на шампиони што за еден играч е сон и најголем успех. Среќен сум што Македонци постигнаа значаен успех со Звезда“, рекол меѓудругото Пандев.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.