77-иот Кан се одржува од 14 до 25 мај, а претседател на жирито е американската режисерка и актерка Грета Гервиг. Програмата содржи големи холивудски премиери, но и „помали“ филмови кои можат да изненадат.
Голема, голема будала. Можеме да замислиме како би завршила сцената кога Оливер Рид би ги седнал во својот омилен паб (онаму каде што уште го пуштаат да влезе) оној дечко кој го глумеше Хари Потер, некој од оние кои го глумеа Спајдермен или кој било од денешниот шпил машки актерски ѕвезди. Се шалиме, не можеме да замислиме.
Нема нешто што нема да се измисли за „другиот“ - во овој случај за островски народ за чии претставници оние од копнениот дел на Европа велеле дека се родени понекогаш со кратки опашки, „како елени“, друг пат дека имаат пуфкасти и накострешени израстоци, како лисици. Ова било резултат на клетва, но подоцна причината била заборавена, а она што останало бил стереотипот на анималност.
Галамата околу оваа оценка на американскиот режисер не стивна ни кога Оливер Стон објасни дека му имаат извадено стара изјава која ја дал пред да излезе филмот. Попат Стон јако го запердаши и Џон Вик на Киану Ривс. А медиумите кои се гледаат како чувари на холивудските икони, оти па нема како да се опише Стон, го пишуваат како „апологетот на Путин.“
Скроламе по листата и едно-две викаме: да бее, и тој... да бее, и таа... Многу музика отиде во 2023. Џеф Бек, Дејвид Крозби, Том Верлеин, Вејн Шортер, Руичи Сакамото, Хари Белафонте, Тина Тарнер, Аструд Жилберто, Тони Бенет, Шинед О Конор, Сиксто, Роби Робертсон, Шејн.... Да послушаме уште малку некои од нив, пред да ги надвика секојдневниот саундтрак од Десингерица и Теа Таировиќ.
Загрозен вид птица по име путекетеке стана победник на натпревар организиран од организација за заштита од Нов Зеланд. Во ова ѝ помогна меѓународна кампања организирана од некој за кого не би очекувале да се интересира за вакви нешта - водителот Џон Оливер.
Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења.
Дали жедта за лимонада, пијалокот кој го продавале децата по улици, го спасил францускиот главен град од целосно уништување во текот на епидемијата на Црната смрт? Дали габичната инфекција на житото довело до Крстоносните војни? Според книга на Том Нилон, трговец со антикварни книги и автор кој пишува за храна, сето ова е можно.
Не се мисли на „кокошки“ во форма на шмизли од женски род, туку на реални домашни птици. На фарма во Нов Зеланд е компонирана и изведена композиција специјално за нив и нивната благосостојба. Ако се најде јунак, во околина на Скопје препорачуваме една фарма за кози, каде се произведува одлично сирење.
Технологијата има потенцијал да создава позитивни промени и преку иновации да го олесни и подобри животот на луѓето и општеството. Согледувајќи ја позитивната страна на дигиталниот напредок, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster), преку своите напредни образовни програми и работата на реални проекти, дава значаен придонес за заедницата.
Драмата „Композицијата“ (The Score) на Оливер Котон е фиктивно претставување на еден историски факт - средбата на славниот композитор со прускиот крал Фредерик Втори.
Пред 12 дена на Јутјуб се појави песната „Rich Men North Of Richmond“ на тема сиромаштија, депресија и безизлезност конкретно во САД, и незаинтересираност на богаташката и политичка како било да помогне, и како државата секој ден му тежи и го закопува обичниот човек. До денес песната има речиси 30 милиони прегледи.
Животот на Оливер Драгојевиќ со децении беше на тацна на јавноста па човек може да помисли дека знае сè за него. Ама кога соговорникот (Анџело Јуркас, режисер, сценарист...) знае да постави вистински а не дебилни прашања, се дознава и друго. На пример: „Како тоа знаеш да имаш феноменални песни ама знаеш и да отпееш некоја 'туп-ца-ца, туп-ца'“?