Минатата недела во САД името на Орвел предизвика препукување помеѓу либералите и конзервативците, поради неговото наводно погрешно користење од страна на вторите.
Џејкоб Ченсли, односно Џејк Анџели, односно човекот со роговите кој го девалвираше секој обид на симпатизерите на Трамп да не изгледаат ко кловнови, моментално е во притвор и одбива да јаде, и тоа не од некои подлабоки идеолошки побуди, туку од чисто нутриционистички.
Вообичаено, церемонијата на претседателската инаугурација во САД вклучува голем број минати носители на функцијата. Но на 8 јануари претседателот Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на онаа на неговиот наследник, Џо Бајден на 20 јануари. Ова е прекршување на традицијата, но не е баш и без преседан.
Од понеделникот вработените на Фејсбук имаат официјална препорака од компанијата да избегнуваат носење облека со логоа на социјалната мрежа заради нивна лична безбедност по банирањето на профилот на Трамп.
Локален американски интернет провајдер одлучи да ги блокира Фејсбук и Твитер, откако овие ги блокираа и избришаа профилите на Трамп и цензурира неброени други бидејќи ги прекршувале правилата за користење.
Некогаш љубителите на теории на заговор од QAnon, во секој збор на Трамп бараа скриени пораки, сега Твитер толкувањето го претвори во своја официјална политика, наоѓајќи значења кои просто, ги нема. Рускиот опозиционер Навални предупреди дека одлуката на Твитер да го забрани американскиот претседател, во иднина ќе биде искористена од секој автократ во светов кој ќе сака да замолчи некого.
За германската канцеларка, одлуката на корпоративниот гигант Твитер трајно да ја суспендира сметката на сè уште актуелниот претседател на САД е проблематична бидејќи за слободата на мислење не можат да одлучуваат шефови на социјални платформи. Замислете како на логалните либерални ретарди кои побрзаа да ја оправдаат ваквата одлука на Твитер, сега им се случува мозочен „Blue Screen of Death“.
Главната болка е Твитер, ама зад него „ред се редат“ кој од кој од глобалните технолошки гиганти, а освен простор за галамење, Трамп директно почна да губи и пари.
За денес е закажана опсадата на седиштето на Твитер од симпатизерите на Трамп, откако социјалната мрежа одлучи комплетно да го избрише профилот на американскиот претседател.
Кога еден човек долго и континуирано се храни од еден ист проток на информации, без разлика дали е тоа Сиенен или Фокс, тој веќе не може рационално да согледа ситуација, освен да ја толкува во наративот во кој „информативно живее“. Тоа се оние моменти кога на слава ќе се шокираш колку тоа се просељачил некој вујко, ама и тој ќе се шокира како е можно да си толку слеп.
Како што нападот на кулите близначки беше искористен како преттекст за повеќедецениска инвазија на Авганистан, како што лажните наводи за хемиското оружје на Садам беа употребени како алиби за окупација на Ирак, се предупредуваше дека безумниот упад во Капитол ќе биде увертира во 'новото нормално' - сеприсутна полиција на мислите и говорот при што моќни приватни компании ќе суспендираат политички неподобни ликови и идеи. Лично Доналд Дамб е најмала секирација.
На пладне (по тамошно време) во средата илјадници луѓе се собираат во близина на Белата куќа на „Спасете ја Америка“ митингот, каде говор има и американскиот претседател Доналд Трамп. Како што завршува неговиот говор, така толпите тргаат кон Капитол хил. Веќе во 13:10 почнуваат кошкањата на барикадите пред Конгресот.
Откако расправијата со Конгресот ја ескалираше до блокирање на работата на администрацијата, сега Трамп проблемот со собирање пари за изградба на сопствениот ѕид го претвори во уште поголема драма во најава.
Трамп нареди повлекување од Сирија и тоа е тоа. Сиве овие години наназад, Курдите на северот од земјата беа драгоцени оперативци на теренот. Крајно кооперативни со Американците, сметајќи дека се нивни незаменливи сојузници во регионот. Во тоа име, тие и најмногу се потрошија во крвавите пресметки со ИСИС. И еве ги сега, оставени на цедило, на милост и немилост, што на Исис, што на Ердоган.
Уште пред почетокот 2018 беше сериозно важна за американската војска главно заради обемниот буџет што Трамп одлучи да го издвои за вооружените сили на земјата и сè придружно.
Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.
„Напредните“ и „прогресивните“ ама баш ништо не научија од лекцијата со Трамп. Додека милиони луѓе пиштат од реални проблеми (губење работа, социјална сигурност, цели фамилии спијат по коли затоа што останале без куќа заради невратен кредит), овие се дрндаат со темата дали божиќните колачиња треба и понатаму шовинистички да се викаат „gingerbread mаn“ или треба тоа да се замени со родово неутралното и политички коректно „gingerbread person“. На следните избори, не за Трамп, за некој ко Љубе лигавиот ќе гласаат од инат.
Меѓу останатите работи што ги кажува Пај, една важи за речиси секоја ситуација: „Деновиве има голем број луѓе кои изгледа како да веруваат дека со тоа што нема да дозволат некое мислење да биде емитувано, некако ќе успеат да го искоренат тоа мислење. Не го искоренуваат, само го потиснува, а тоа создава презир.“