Американски претседатели кои не присуствувале на инауграцијата на својот наследник

Вообичаено, церемонијата на претседателската инаугурација во САД вклучува голем број минати носители на функцијата. Но на 8 јануари претседателот Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на онаа на неговиот наследник, Џо Бајден на 20 јануари. Ова е прекршување на традицијата, но не е баш и без преседан.

Неколкумина американски претседатели низ историјата одбиле да присуствуваат на положувањето заклетва на нивните заменици. Пред 2021 списокот вклучувал пет имиња.

1. Џон Адамс

Инаугурацијата на Томас Џеферсон во 1801 бил прв пат претседателството да премине кај нова партија. Адамс ја напуштил Белата куќа во 4 наутро на денот на настанот, веројатно затоа што не сакал да поттикне внатрепартиско насилство со своето присуство. Додуша, Џеферсон не го ни поканил да присуствува на церемонијата.

2. Џон Квинси Адамс

Шестиот претседател на САД го направил истото што и неговиот татко, Џон, вториот претседател. Бил интересен лик, сакал да плива гол и имал милениче-крокодил. Тој не го поканил својот наследник во Белата куќа, Eндрју Џексон, кога требало да замине од неа, во 1829. Танте за кукурику, наследникот пак не го поканил на церемонијата на положување заклетва.

3. Мартун ван Бурен

Според весник од март 1841, ван Бурен не се појавил на инаугурацијата на неговиот наследник, Вилијам Хенри Харисон. Но според истиот весник, заменикот претседател на Ван Бурен бил присутен.

4. Ендрју Џексон

На пат кон својата инаугурација во 1869, Улисис С. Грант одбил да се качи во кочијата во која се возел претседателот на заминување Ендрју Џонсон. Овој пак му вратил со тоа што додека Грант положувал заклетва си довршувал заостанати обврски во Белата куќа. Двајцата станале ривали поради претходна политичка пресметка.

5. Ричард Никсон

Никсон бил првиот американски претседател кој дал оставка, на 9 август 1974. Кога неговиот заменик претседател Џералд Форд давал заклетва во Источната сала на Белата куќа, Никсон веќе бил заминат од неа.

извор

12 јануари 2021 - 19:41