Филип Рајнс е поранешен заменик-асистент државен секретар на САД и советник на Хилари Клинтон кој 17 години работи за нејзе. Рајнс исто така е човекот на кого Хилари се вежба за своите дебати со Трамп за време на изборите 2016.
Првото полувреме од втората дебатата на претседателските кандидати на Демократите (заради бројот на кандидати поделени се во два дена) одржана на Си-ен-ен бележи понорен пад на гледаноста од 40% во споредба со онаа во јуни.
Најобични, најпрости, црвени пластични цевки на кои го пишува името Трамп и донесоа на кампањата на Трамп речиси половина милиони долари за нешто повеќе од една недела.
Поранешниот американски претседател е „многу загрижен за правецот во кој се движи неговата држава“ и може да се очекува тој да се вмеша и да помогне во победата на Демократскиот кандидат на изборите во 2020.
Откако некој спомна на Твитер, на Трамп му светна и му дојде да побара отштета за тоа што го смарале со истрагата за Русија и дека заради тоа не го истерал на раат претседателскиот мандат, па државата му должи судиски продолжетоци од дополнителни две години мандат.
Само што ја официјализираше својата номинација Бајден беше пречекан од бараж критики и негодувања од луѓето што треба да се на негова страна. Главно, проблемот е што човекот им е премногу општ, премногу веќе видено и има премногу багаж натоварен низ цела негова кариера.
Ако се гледа според популарност (Бајден моментално води) и ако се гледа според неговите постапки (најави дека за неколку недели ќе каже дали ќе излегува на избори и дека може уште сега да објави кој ќе му биде заменик претседател), изгледа како Демократската партија да се подготвува да го номинира поранешниот потпретседател за противкандидат на Трамп.
Минатата недела повеќе луѓе кои работеа на кампањата на Хилари во 2016, кој јавно кој анонимно, ги искажаа своите фрустрации околу претседателската кандидатура на Сандерс за 2020.
Републиканците не минаа добро на последните избори за Конгрес, а Трамп речиси и да нема ден кога по некоја основа не минува добро. Овие првите имаат сериозен проблем со тоа што се случува, вториов барем за сега глуми дека ништо не го занима.
„Ако противотров за Трамп е Клинтон, тогаш противотров за ракот е инфарктот“, пишува за една од последните гротескни комбинации во кои Хилари повторно се враќа во игра колумнистот на Индипендент, Хаф и РТ, Џон Вајт.
Откако првоборците на Кембриџ аналитика уште пред некој месец глатко се префрлија во друга компанија што ја основаа минатата година, сега и остатокот од поставата се снајде за идни ангажмани.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.
Трамп може нема да го освои мнозинството од гласачите, ама како што сега стојат работите сигурно ќе го освои мнозинството гласови од изборниот колеџ, порачува истиот човек кој уште во јули 2016 беше меѓу првите луѓе од меинстрим левицата кој предвиде пораз на Хилари.
Иако е премногу далеку и е малку веројатно, ваквата замисла неодоливо потсетува на средината на 2015, кога Трамп прв пат објави дека се кандидира за претседател, а и левите и десните се спрдачеа со него и замислуваа како би изгледала таа Америка чиј претседател е поранешен водител на реално шоу и сеопфатен кловн.
Хилари Клинтон и Доналд Трамп во претседателските дебати, и општо во кампањата, влегоа со прилично голема пратка личен багаж. За Клинтон тоа претежно беа мејловите и говорите и блискоста со Вол Стрит. За Трамп, тоа беше речиси секоја тема за која некогаш отворил уста.
Пред почетокот на викендот распоредот во претседателската трка во САД беше: во првата дебата победи Хилари ама не многу, а Трамп изгуби, ама не многу. Плус добар дел беа изненадени од одличниот настап на Пенс, изборот за потпретседател на Трамп, во дебатата со Кејн, изборот на Хилари. Сето ова важеше до петокот кога Вашингтон пост објави снимка од Трамп, како експлицитно се отвара за своите пракси околу жените во брак.
Главен судија, порота, водител, контролор и модератор на понеделничката дебата, беше водителот на вечерните вести на Енбиси, Лестер Холт. За разлика од претходните избори, годинава немаше некоја погласна забелешка за тоа како тој си заврши работата.
Впечатокот што го пренесуваат американските медиуми е е дека во првата претседателска дебата Клинтон успева да му влезе под кожа на Трамп и како ретко кога во последниве две години терање кампања, републиканскиот кандидат да ја изгуби смиреноста и постојано да е во гард.