Цевките се продаваат со пораката „хартиените цевки на либералите не функционираат“, што е обид да се привлечат сите оние кои се против новите мерки за заштита на животната средина од пластика.
Идејата доаѓа од менаџерот на кампањата на Трамп за 2020, Бред Парскале, кој напнат што хартиената цевка што ја користел му се искинала на пола, на Твитер објавил „ми се смачи од хартиени цевки“.
По ова тој од авион им пишува меил на луѓето во штабот „ајде да почнеме да продаваме пластични цевки“, од штабот испраќаат меил до симпатизерите на Трамп со наслов „Да ги направиме цевките пак големи“. Кога Парскале слетува, производството на цевките веќе е започнато, а рекламната кампања е пуштена да врти.
Сумата од 456 илјади долари е заработена од 19-ти јули.
Претходно во еден наврат Трамп порача дека САД имаат поголеми еколошки проблеми отколку цевки за пиење.
Цената на пакетче со 10 Трамп цевки е 15 долари.
На Амазон пакет од 250 цевки можат да се купат за 9,99 долари.