"Најголемиот дел од вечерта, Клинтон беше таа што ја поставуваше агендата. Таа рафално испалуваше свежо подготвени реплики и постојано го намамуваше Трамп на политички терен кој не му одговара, тука вклучувајќи и долга дискусија околу тоа зошто тој одбива да ги објави своите даночни пријави," пишува Шејн Голдмахер во магазинот Политико.
Слична оценка има и Гардијан, според кој Трамп постојано е во дефанзива заради прашањата на Клинтон, која го обвинува за "расистички лаги" во врска со движењето кое бараше американскиот претседател да го прикаже својот комплетен извод од матично, и за крадење од илјадници (физички) работници.
Мајкл Томаски во Дејли Бист смета дека дебатата не ја носи одлучувачката победа за Клинтон, меѓутоа таа покажала "дека ова е маратон, и дека е кандидатот кој може да издржи до крај. Таа покажа. Тој не." Томаски забележува и дека Трамп се обидел да биде сериозен и до некаде и успеал со самото тоа што не кажал ништо тотално лудо.
Судирот околу изгледот на Хилари, за која Трамп пред некое време изјави дека нема "претседателски изглед" и "издржливост" да ја води земјата. На што Клинтон веднаш можеше да се вади на својот стаж.
Таа го критикуваше Трамп за начинот на кој ги третира жените, притоа цитирајќи изјава од поранешна Мис Универзум (кој се организира под негова лиценца), која тврди дека Трамп ја нарекол "Гица Прасица".
Во врска со тврдењето на Трамп дека не ја поддржал војната во Ирак. Ова се дебатира затоа што низ целата кампања тој ја обвинува Хилари дека е една од главните поддржувачи на војната. Притоа тој спомнува нешто за темпераментот на Хилари.
Хилари реплицираше околу темпераментот.
Продолжувајќи ја борбата со изјавите на Трамп, на ред дојде неговото тврдење дека Хилари и Обама го "Создале ИСИС."
виа Твитер
И репликата на Хилари.
виа Твитер
Дополнување на дебатата околу сертификатот на Обама
Хилари остана на својот став дека треба да се ограничи правото на носење оружје и да се зголеми довербата меѓу локалните заедници и полицијата. Трамп одговори дека решението е во враќање на законот и редот на улиците на земјата.
Како дел од овој разговор, Трамп и се намести на волеј на Клинтон кога и забележа дека додека тој минатата недела бил во посета на црнечки населби и заедници, нејзе никаде ја немало. На што Клинтон одговара дека сето тоа време се спремала за дебатата, исто како што се спремала за да биде претседател.
Вечерта Трамп се согласи да ја објави својата даночна пријава меѓутоа единствено под услов Хилари "да ги објави 33.000 мејлови што таа ги избриша." Џевата околу ова е што никој не знае колку пари има Трамп.
Хилари реплицираше само со дополнително разгневување на Трамп, изјавувајќи дека тој не ги објавува даночните пријави "затоа што можеби не е толку богат како што вели... можеби не дава толку многу во добротворни цели."
При крајот на вечерта двајцата се сложија, Хилари изјави "па он за сè мене ќе ме обвини" на што Трамп одговори "зошто да не?"
Уште едно од обвинувањата од Хилари беше дека Трамп "навивал за хипотекарната криза," на што репликата од спротива беше "тоа е она што се вика бизнис."
На крај љубовта победува:
Берни по дома: