Екипите на ТРАНСМЕТ и Пекабеско славеа убедливо и постигнаа по 9 голови, а ЕВН и Алкалоид си ги поделија бодовите во последниот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.
Баерн Минхен во 2001. година против Валенсија на Сан Сиро после продолженијата и подобро изведените пенали го освои пехарот во ЛШ по четврти пат во својата историја. Тоа финале ќе се памети засекогаш по еден од најемотивните настани во фудбалот.
За да го одбиеш Баерн Минхен за да патуваш на гостување во Намибија со автостоп или да лежиш во сингапурски затвор со убијци и да играш во преку 15 земји треба да си Луц Фаненштел, германскиот голман кој ја имаше најлудата кариера во историјата на фудбалот.
Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.
Голманот Оливер Бауман наместо да се докаже пред селекторот Јоаким Лев кој го следеше на натпреварот помеѓу Фрајбург и Хамбург, се истакна со три кикса по кои неговиот тим загуби на домашен терен со 0:3.
На вториот ден од одигрувањето на натпреварите од првото коло на Бизнис лигата, вицешампионот UNIQA ја потврди фаворитската улога против МЕПСО, а победи славеа и екипите на Глобко Логистик и Гранит.