Пекабеско со брилијантна игра до победа над ХАЛКБАНК

Екипите на ТРАНСМЕТ и Пекабеско славеа убедливо и постигнаа по 9 голови, а ЕВН и Алкалоид си ги поделија бодовите во последниот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Реми за Алкалоид и ЕВН

Алкалоид 3-3 (1-2) ЕВН
Алкалоид: Стефан Димовски 10’ 22’ Марко Марковски 32’
ЕВН: Петре Даиловски 17’ 20’ Дарко Цветковски 36’
Алкалоид со гол во раната фаза од натпреварот го отвори дуелот со ЕВН ирајќи пред се одлично контролиран напад, но екипата на ЕВН успеа да наметне свој ритам и не само да израмни туку и на полувремето да отиде со гол предност од 1-2. Второто полувреме екипата на Алкалоид го започна со Оливер Христовски како голман играч што уште на самиот старт покажа резултати и на 8 минути пред крајот Алкалоид веќе и водеше со 3-2. Во 37-та минута ЕВН го внесе Даиловски како голман играч со што успеа да израмни но не и да поведе па натпреварот заврши со 3-3.
 
Скендеровиќ со маестрална игра му донесе победа на ТРАНСМЕТ во дуелот со АрцелорМиттал 

АрцелорМиттал 2-9 (1-4) ТРАНСМЕТ
АрцелорМиттал: Жарко Ивановски 4’ Игор Мирчевски 35’
ТРАНСМЕТ: Амер Скендеровиќ 5’ 35’ 36’ 37’ Един Скендеровиќ 8’ Живко Стојкоски 13’ Бобан Велјановски 14’ Емир Бегановиќ 34’ Маријан Талески 38’ 
Екипата на АрцелорМиттал го отвори натпреварот во дуелот со ТРАНСМЕТ постигнувајќи гол во раната фаза од натпреварот но ТРАНСМЕТ успеа да израмни и да стекне солидна предност на полувремето. Второто полувреме ТРАНСМЕТ го започна со столбот на екипата Амер Скендеровиќ кој имаше своја вечер, беше незадржлив и погодуваше од невозможни позиции, успае да даде ветер во едрата и на своите соиграчи за убедлива победа на овој натпревар од 2-9.
 
Пекабеско со брилијантна игра до победа над ХАЛКБАНК

ХАЛКБАНК 5-9(3-3) Пекабеско
ХАЛКБАНК: Игор Стојановски 18’ 34’ Марјан Атанасовски 31’ Мартин Дамески 5’ 18
Пекабеско: Дејан Неделковски 11’ 13’ Слободан Игнатов 19’ Бобан Вујиќ 22’ 26’ Јовица Левајковски 23’ Бобан Мициќ 31’ 35’ 36’ 
Крајно израмнето прво полувреме изиграа екипите на ХАЛКБАНК и Пекабеско, се водеше израмнета борба и на двете страни. И двете екипи имаа брилијантни моменти но ниту една не успеа резултатски да се одлепи па на полувремето се отиде со 3-3. Екипата на Пекабеско имаше перфектен влез во второто полувреме и игра каква што можеше само да посакува која му донесе високи 3-7. Екипата на ХАЛКБАНК се обиде со голман играч и притисок во предно поле да се врати во натпреварот но како да немаше своја вечер, по исклучувањето и играчот плус не успеа да реализира пенал па го загуби овој натпревар со 5-9.
31 март 2016 - 11:55