Лукоил во пеколен ритам во самиот финиш подобар од ХАЛКБАНК

Екипите на УНИКА, Пекабеско и Гранит ги собраа бодовите во последниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕВН ја наполни мрежта на ОНЕ.ВИП

ОНЕ.ВИП 2-13(1-7) ЕВН
ОНЕ.ВИП: Дарко Таневски 18’ Младен Ѓорѓиоски 38’
ЕВН: Петре Даиловски 3’ 8’ 14’ 23’ 27’ 36’ 37’ Дарко Цветковски 9’ 22’ Александар Димовски 10’ Ајет Новобрдарија 14’ Благојче Кулев 15’ Дејан Китановски 40’
Екипата на ЕВН во дуелот со ОНЕ.ВИП имаше сериозен пристап уште на самиот почеток поставувајќи одличен напад со брзи проигрувања преку кои доаѓаше до отворени шанси за гол, кои најчесто ги искористуваше. Екипата на ОНЕ.ВИП имаше лоша поврзаност пред се во одбраната каде му дозволи на ЕВН да се разигра и да направи резултат со кој ЕВН влезе во мирна завршница и го доби овој натпревар со 2-13

Стефков побрз од звукот на сирената за триумф на Алкалоид против Еуролинк

Еуролинк 4-6 (1-2) Алкалоид
Еуролинк: Ивица Стефковски 19’ 25’ 40’ Филип Блажевски 27’
Алкалоид: Оливер Христовски 13’ 36’ Сунај Љазим 16’ Николче Дамјновски 31’ Дарко Стефков 38’ 40’
Екипите на Еуролинк и Алкалоид одиграа мошне возбудливо прво полувреме кое изобилуваше со квалитетен фудбал, пред се во делот на нападот во кој имаше доста атрактивни потези и многу шанси за гол. Екипата на Алкалоид по неколку неуспешни обиди за гол успеа да го пробие мразот во 13 минута по што за само две минути дојде до водство од 0-2. Еуролинк не се предаваше лесно па во финишот на првото полувреме го намали резултатот на 1-2. На стартот на второто полувреме екипата на Еуролинк успеа да го израмни резултатот и набрзо да поведе со 3-2. Но Алкалоид се потруди за целосна драма во завршетокот на натпреварот во кој следеше наизменично менување на водството. Буквално во последните секунди екипата на Алкалоид стрелаше за победа и го доби овој натпревар со 4-6.

Лукоил во пеколен ритам во самиот финиш подобар од ХАЛКБАНК

Лукоил 3-2(2-1) ХАЛКБАНК
Лукоил: Дејан Зиков 5’Марјан Цветковски 19’ Мартин Алаѓозовски 37’
ХАЛКБАНК: Влатко Блажевски 18’ Игор Стојановски 30’
Во дуелот на Лукоил и ХАЛКБАНК, Лукоил успеа преку контра напад да дојде прв до гол и да оствари предност од 1-0 , потоа следеше исклучување по кое Лукоил остана со играч помалце .Играчот плус, ХАЛКБАНК успеа да го претвори во гол и да израмни на 1-1, во самиот финиш на полувремето Лукоил преку Маријан Цветковски го постави конечниот резултат од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме се водеше израмнета борба и двете екипи напаѓаа во предно поле со голман играч но екипата на Лукоил успеа да реализира отворен шут во гол со кој дојде до победа од 3-2

23 март 2016 - 22:18