Шпаркасе банка не го издржа ритамот на Алкалоид

Во првиот ден од 14. коло во Бизнис лигата, Систина со тесна победа славеше против Пекабеско, а Алкалоид и Адмирал славеа со идентични 6:2.

Адмирал со голман играч до победа над ОНЕ.ВИП

Адмирал 6-2 (5-0) ОНЕ.ВИП
Адмирал: Спасе Новковски 1’ Албрим Шакири 9’38’ Стефан Серафимовски 11’ Глигор Билјарски 13’ Горан Грковиќ 20’
ОНЕ.ВИП: Мартин Ангеловски 34’ Мијоски Мирослав 40’
Екипата на Адмирал го отвори 14 коло на Телеком Бизнис Лигата на Македонија во дуелот со ОНЕ.ВИП. Адмирал на самиот почеток го скрши ледот со гол буквално во првите секунди од натпреварот. Со добро препознатлива игра со голман играч на голот, екипата на Адмирал има одличен напад преку кој успеваа да дојдат до отворени удари кон голот кои и ги реализираа. Екипата на Оне.Вип не можеше да парира на ваквата поставеност кај Адмирал па на полувремето Адмирал имаше високо водство од 5-0. Во второто полувреме екипада на ОНЕ.ВИП се обиде со голман играч да направи против игра н адмирал но и тоа не вроди со плод па го загуби овој натпревар со 6-2.
 
Систина со звукот на сирената до победа над Пекабеско

Систина 6-5 (2-2) Пекабеско 
Систина: Даниел Боневски 6’ 39’  Влатко Кузманов 14’ 38’ Игор Ѓорѓиевски 36’ 40’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 1’ Дејан Неделковски 16’ Игор Димевски 23’ Александар Георгиевски 28’ Слободан Игнатов 29’
Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Систина и Пекабеско, се играше израмнето полувреме во кое ниедна од двете екипи не успеа резултатски да се одлепи. Во второто полувреме екипата на Пекабеско влезе супериорно остварувајќи предност од три гола за 2-5, по што следеше промена во играта на Систина која во своите редови внесе голман играч што вроди со плод. Систина не само што успеа да го изедначи резултатот туку во самиот финиш даде и гол за победа на овој натпревар од 6-5. 
 
Шпаркасе банка не го издржа ритамот на Алкалоид

Шпаркасе банка 2-6 (1-4) Алкалоид
Шпаркасе банка: Дарко Стојановски 3’ Филип Чижбановски 23’ 
Алкалоид: Стефан Димовски 12’ 37’ 38’ Оливер Христовски 17’ 18’ Сунај Љазим 18’
На самиот старт екипата на Шпаркасе банка со погодок го отвори овој натпревар но агресивниот Алкалоид наметна високо темпо на игра што бараше добра физичка подготвеност и долга клупа. Во ваквата игра екипата на Шпаркасе банка не се снајде најдобро па му остави простор на Алкалоид да ја игра целосно својата игра, која му донесе победа на овој нтпревар од 2-6
15 март 2016 - 11:31