Еден од највоинствените лидери на Антифа бил човек кој ги палел и храбрел симпатизерите на Трамп кои упаднаа во Капитол. Иако и самиот објави видео од Капитол, уапсен е денови откако твитерџии го фатија како лабаво шета по улици. А за секој случај, го предал и брат му, што денес и во сталиново време е кул.
Џејкоб Ченсли, односно Џејк Анџели, односно човекот со роговите кој го девалвираше секој обид на симпатизерите на Трамп да не изгледаат ко кловнови, моментално е во притвор и одбива да јаде, и тоа не од некои подлабоки идеолошки побуди, туку од чисто нутриционистички.
Од понеделникот вработените на Фејсбук имаат официјална препорака од компанијата да избегнуваат носење облека со логоа на социјалната мрежа заради нивна лична безбедност по банирањето на профилот на Трамп.
Локален американски интернет провајдер одлучи да ги блокира Фејсбук и Твитер, откако овие ги блокираа и избришаа профилите на Трамп и цензурира неброени други бидејќи ги прекршувале правилата за користење.
Некогаш љубителите на теории на заговор од QAnon, во секој збор на Трамп бараа скриени пораки, сега Твитер толкувањето го претвори во своја официјална политика, наоѓајќи значења кои просто, ги нема. Рускиот опозиционер Навални предупреди дека одлуката на Твитер да го забрани американскиот претседател, во иднина ќе биде искористена од секој автократ во светов кој ќе сака да замолчи некого.
За германската канцеларка, одлуката на корпоративниот гигант Твитер трајно да ја суспендира сметката на сè уште актуелниот претседател на САД е проблематична бидејќи за слободата на мислење не можат да одлучуваат шефови на социјални платформи. Замислете како на логалните либерални ретарди кои побрзаа да ја оправдаат ваквата одлука на Твитер, сега им се случува мозочен „Blue Screen of Death“.
Главната болка е Твитер, ама зад него „ред се редат“ кој од кој од глобалните технолошки гиганти, а освен простор за галамење, Трамп директно почна да губи и пари.
За денес е закажана опсадата на седиштето на Твитер од симпатизерите на Трамп, откако социјалната мрежа одлучи комплетно да го избрише профилот на американскиот претседател.
Кога еден човек долго и континуирано се храни од еден ист проток на информации, без разлика дали е тоа Сиенен или Фокс, тој веќе не може рационално да согледа ситуација, освен да ја толкува во наративот во кој „информативно живее“. Тоа се оние моменти кога на слава ќе се шокираш колку тоа се просељачил некој вујко, ама и тој ќе се шокира како е можно да си толку слеп.
Како што нападот на кулите близначки беше искористен како преттекст за повеќедецениска инвазија на Авганистан, како што лажните наводи за хемиското оружје на Садам беа употребени како алиби за окупација на Ирак, се предупредуваше дека безумниот упад во Капитол ќе биде увертира во 'новото нормално' - сеприсутна полиција на мислите и говорот при што моќни приватни компании ќе суспендираат политички неподобни ликови и идеи. Лично Доналд Дамб е најмала секирација.
На пладне (по тамошно време) во средата илјадници луѓе се собираат во близина на Белата куќа на „Спасете ја Америка“ митингот, каде говор има и американскиот претседател Доналд Трамп. Како што завршува неговиот говор, така толпите тргаат кон Капитол хил. Веќе во 13:10 почнуваат кошкањата на барикадите пред Конгресот.
Додека милиони Американци се претворени во вазали кои мораат да работат на две или повеќе работни места, за ниски надоместоци и дневници, без здравствени и пензиски бенефиции, со малку работнички права и уште помалку опции во животот, на другата страна се случува такво спојување на државната и корпоративната моќ какво што претходно беше видено само во фашизмот.
Беше најавена како „Операција варп брзина“ и како таква почна со некои 200.000 вакцинирања на ден што е одлична бројка, меѓутоа не и за земја со народ колку САД.
Основи за започнување на истрага против Доналд Трамп ги има неброени (само Милер во својот извештај за Русија даде 10 примери кои можат да бидат толкувани како попречување на правдата), ама зад тие основи треба да застане некој со сериозна политичка моќ, а и волја.
Дури и некој што гледа телевизија по пет-шест часови на ден пак ќе успее да заврши некоја работа како претседател, е воведот на веројатно првиот позитивен текст што Атлантик го има објавено за Трамп изминативе четири-пет години.
Компјутерските мрежи на голем број американски владини агенции и компании од приватниот сектор се инфилтрирани како дел од масовен сајбернапад кој според американските власти е изведен од руската организација Кози беар.
Секоја битка е тешка, ама кога војуваш со тастатура, од Твитер, за тешки глупости и најбезобразно - некако е полесно. Од таму и доаѓа таа безумна храброст.
По 4 години штимање на своите равенки за да не им се повтори резилот од претходните избори, во 2020 анкетарите повторно утнаа околу бројот на гласови што Трамп ќе го освои на изборите.