13 работи што Трамп правилно ги направи

Дури и некој што гледа телевизија по пет-шест часови на ден пак ќе успее да заврши некоја работа како претседател, е воведот на веројатно првиот позитивен текст што Атлантик го има објавено за Трамп изминативе четири-пет години.

Да не дојде нагло, Дејвид Фрум во Атлантик прво пофалува неколку претседатели кои истерале само еден мандат (Буш постариот, Џими Картер, Вилијам Тафт), надополнувајќи дека Трамп не е ни приближно иста класа како нив.

Но, и Фрум признава дека Трамп сепак направил нешто за својот 4-годишен мандат. Меѓу другото:

- Построго регулирање на електронските цигари.

Во јануари 2020 Трамп потпишува закон кој го забранува користењето на овошни и мента вкусови за различните полнења на електронските цигари со цел да се намали нивната привлечност за тинејџерите.


- Драматично намалување на користењето јаглен.

Иако климатски најопасно од сите видови горива, Трамп за време на својата кампања ветуваше дека САД уште повеќе ќе трошат јаглен. Наместо тоа, користењето јаглен се намалува во секоја година од неговото владеење, за во 2019 да стигне до 586 милиони тони, што е 50% помалку отколку во пикот во 2007.


- Нормализирање на Блискиот исток

Трамп го нареди преселувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, и предложи мировен план кој предвидува барањето на палестинска независност да биде заменето со економски развој. Стравот на експертите беше дека ова ќе ги рестартира регионалните конфликти. Наместо тоа, регионот е смирен, а Емиратите, Бахреин, Судан и Мароко започнаа дипломатски односи со Израел.

Атлантик го слави и атентатот врз иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој за малку не доведе до нова војна на Блискиот исток.


- Битката за заштита на 5Г мрежите од Кинезите

Американскиот претседател беше решителен дека 5Г мрежата во САД, а и на остатокот од Западот, треба да биде изградена со западна а не со кинеска технологија, за западната демократија да се заштити од кинески надзор. Некое време по САД, прво Австралија објави дека забранува користење на технологија на Хуавеи во нивните 5Г мрежи, по што слични одлуки донесоа Канада, Сингапур, Британија и Франција, а Германија објави дека одново ќе го провери ризикот од кинеската технологија.


- Стегање на правилата за азил

По старо, можеше САД да ги фатиш на кондиција и по подолго време престој и работа, да добиеш азил. По ново, азилантите кои ќе минат повеќе од две недели во која било држава на својот пат кон САД ќе мора во таа држава да бараат азил.

Законот почнува да важи од јануари 2021, а и покрај сериозното противење на поборниците за правата на азилантите, новите правила одлично ќе и легнат на новата администрација која ќе има нова алатка за справување со мигрантите.


- Зголемување на даночните олеснувања за речиси два пати

Претходно стандардното олеснување беше:

- 6.350 долари за самци

- 9.350 долари за главата на семејството (тој што плаќа повеќе од половина со сметките)

- 12.700 долари за брачните парови.

Од следната година, за парите заработени во 2020, олеснувањата ќе бидат:

- 12.400 долари за самци

- 18.650 долари за главата на семејството

- 24.800 долари за брачните парови.


- Основање на вселенски сили

Сите надлежности околу сè што се случува надвор од атмосферата на Земјата, по ново Пентагон ќе ги префрли на новоформираните Вселенски сили, за да не им се случи преклопување на ингеренциите како со нуклеарниот арсенал за време на Студената војна кога секоја гранка на војската имаше сопствени нуклеарки.

Остатокот од списокот, тука

18 декември 2020 - 15:18