Дански начин, за дански деца

Експертка за деца од Данска, Џесика Џоел Александар, пишува книга на темата што ја знае „Дански начин на воспитување деца“, со поднаслов „што најсреќните луѓе во светот го знаат за одгледување самоуверени и способни деца.“

Меѓу дел од тактиките во книгата на Александар се:

- Во Данска родителите им нудат помош на децата само кога тоа е навистина неопходно.

- Претерување во надзорот на детскиот живот не е добредојдено.

- Данците не ги запишуваат децата на 10 воншколски активности за тие да бидат најдобри во спорт, музика, јазици, танцување, карате и глума. На Данците им е важно нивните деца да си играат.

- Данците не влеваат во малите глави на своите деца знаење уште од првиот ден. Не им е важно детето да пишува и да чита на 5 години.

- Во основно училиште редовната настава завршува најдоцна до 14 часот, а децата потоа можат да одат на незадолжителниот дополнителен престој.

- Не е невообичаено што „играчката на столетието“, Лего коцките, настана во Данска. Лего е вечен.

- Најдобрата компанија за производство на детски игралишта е од Данска - Компан.

- Данците не смислуваат игри за своите деца, туку ги оставаат сами да си играат и на тој начин ја будат нивната креативност.

- Не ги штитат децата од страв, проблеми и судири. На тој начин ги учат да се запознаат со своите чувства па макар тие да се и негативни.

- Не претеруваат во пофалбата на своите деца - тоа ги учи на понизност од мали нозе.

- На своите деца им читаат приказни кои немаат среќен крај. Децата многу учат од тага и проблеми.

- Данците не се лесни во „лепење“ дијагнози од разноразни модерни пореметувања на своите деца - како хиперактивност, Аспергеров синдром, депресија...

- Ги учат своите деца да им придаваат помалку значење на негативните случки во животот, и повеќе да се фокусираат на позитивното.

- Не го наметнуваат своето мислење на децата.

- Ги учат децата да го пронаоѓаат она што е добро во луѓето.

- Емпатија и учење сочувство е задолжително уште во градинка. Сметаат дека емпатијата ни е запишана во гените и дека треба да се развие уште од прв ден. Не ја сметаат за луксуз туку за потреба.

- Не се претерано заштитнички родители и не завршуваат работи за децата.

- Од мали ги учат децата на тимска работа, заедништво и помагање едни со други како најважна вештина во животот.

- Удирањето по газ е забрането со закон.

- Добредојдено е авторитарно одгледување деца. Децата не ги одгледуваат родителите, туку обратно е.

- Ги учат дека најважно е што другите мислат за нив.

- Многу им се важни семејните и пријателските собири, заеднички оброци и дружба или во природа или околу камин.

22 февруари 2018 - 13:41