Њујорк, град на празни продавници

Ако сè уште е точно дека Њујорк е град кој никогаш не спие, тогаш меѓу причините за будноста веќе не е бескрајниот блесок од шарените и примамливи излози. Во царството на потрошувачите речиси секоја голема улица е полна со слободни и празни продавници.

Во изминатите неколку години беа затворени илјадници мали продавници кои беа пренаменети како локации за големи трговски синџири. Кога и тие пропаднаа, продавниците останаа празни, а сопствениците, најчесто институционални инвеститори, не се заинтересирани да ги намалат кириите, пишува Гардијан. Веќе во октомври, САД го надминаа претходниот рекорд во затворање на продавници кој беше постигнат по финансиската криза во 2008 година.

Дел од проблемот се промените кај закуподавачите. Во повеќето случаи веќе не станува збор за семејни бизниси, туку за институционални инвеститори и хеџ фондови кои не се расположени да ги намалат кириите. Освен тоа, банките ја намалуваат вредноста на имотот ако е издаден на мали бизниси, а го зголемуваат за трговски синџири, па некои се надеваат дека се исплатио да се чекаат големите трговци. Дури и таму каде што сопствениците нудат конкурентни договори за закуп, тие често се за две или за пет години, а не за вообичаените 10.

„Ако сте паметни и иновативни, можете да преживеете. Сопствениците и трговците на мало мора да ја слушаат новата генерација купувачи“, вели Робин Зендел, агент за недвижнин кој ситуацијата ја споредува со филмот „Игри на гладта“.

И таа верува дека е премногу еднострано за сегашната ситуација на пазарот да се обвини Амазон. Показатели за превисоки цени има и во другите области на пазарот на недвижности, вклучувајќи го и домувањето.

„Кога ќе видите дека на секој агол има банка или аптека, а на вториот кат постои фитнес сала, за тоа постои едноставна причина: луѓето не можат да си ја дозволат киријата“, вели Зендел. „Зошто рестораните се селат во Бруклин? Бидејќи е кул? Не, затоа што беше евтин и бидејќи на угостителите им се смачи да им плаќаат на инвеститорите“.

Во некои делови на градот, некогаш наредени со бутици за врвна мода, многуте празни излози создаваат верижни реакции: има толку многу празни продавници што веќе никој не сака да биде сам.

Исто така, оние кои изнајмуваат деловен простор настојуваат да се заштитат, па инсистираат сопствениците на некој начин да бидат дел од играта, било врзувајќи ги со перформансите кај закупецот или преку некој друг механизам.

25 декември 2017 - 13:51