Кина е на пат да го укинува копањето биткоин

За властите оваа активност претставува „сериозни залудно потрошени ресурси“, што е доволна причина за копањето биткоин да биде забрането. Шансите за ова само се зголемуваат кога ќе им се накалеми и загадувањето.

Биткоин „рудник“

Уште минатата година Кина почна со првите чекори за спречување на копањето, барајќи од локалните власти да почнат да ги пишманат „копачите“ да сменат шифра на дејност со тоа што ќе им ја поскапат струјата.

Речиси три четвртини од сите криптовалути се копаат во Кина, при што се генерира околу 10 милиони тони јаглерод-двооксид.

Освен загадувањето кинеските власти се загрижени и за хаосот што ми можел да настане кога инвеститорите ќе почнат да губат пари на криптовалутите (заради ниската цена на струјата во Кина се уште има математика да се копаат криптовалути).

Доколку почнат да важат новите правила кинеските рудари ќе треба да ја преселат својата опрема, најчесто поставена во огромни хангари во близина на рудници заради евтината електрична енергија, во странство. Една од најспоменуваните локации е Квебек, каде има евтина и чиста струја од хидро-централите.

Во 2017 Кина го забрани работењето на берзи за криптовалути што предизвика сериозен пад на цените.

11 април 2019 - 14:42