Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
Во рамки на меѓунеделното коло од Серија А, Интер со головите на Лаутаро Мартинез во 23’ и Ромелу Лукаку во 63’ ја совлада Бреша на гости, а тренерот Конте се радуваше како блесав.
Се работи за симболот на Клуб Бриж, Раул Ламберт кој целиот свој живот го има посветено на овој клуб. Од 1956-та до 1962-ра во академијата и од 1962-ра до 1980-та во првиот тим. 18 сезони, 270 голови, 5 првенствени титули, 3 купови.
Барселона сезонава нема перфектен старт бидејќи има 7 победи по 10 изминати кола, ама затоа кога ќе им тргне како вчера, да му е мерак да човек да ја гледа со овие лепота од акции и голови.
Сведоци тврделе дека е вистина, а други кажуваат дека е мит. Како и да е, ова што ќе го видите на видеово, не го направил ни Марадона, ни Меси, ни Роналдо, ни никој друг.
За тие што не му дале шанса, нека издвојат една минута од полуфиналето меѓу Јапонија и Индија на Франција Опен. Познавачите велат дека ова не е поен на денот, туку на годината.
На својот Инстаграм профил на кој го следат 38 милиони луѓе од цел свет, Златан најави нешто интересно. Веројатно ќе следува наскоро во јануарскиот преоден рок.
МОЛ Фехервар каде играат репрезентативците Николов и Муслиу, викендов дома загубија 1:2 од Ференцварош. А и како да победат противник со ваков голман. Се вика Денеш Дибус, седма сезона е член на Ференцварош и слободно може да го викаат пајак. Ги исфрустрира Бобан и другарите со чудесниве интервенции.
За време на квалификациите за Светскиот Куп во футсал, Грузија со 2-3 ја победи Полска. Еден од головите кој за Грузија го даде натурализираниот Бразилец Родриго Андреи не може да се опише и треба да се погледне. Според прославата на голот изгледа дека немал ваква намера.
Во ситуација кога Барселона и Реал Мадрид потрошија по 200 до 300 милиони евра на трансфери, кога ќе се погледне првопласираната екипа на табелата во Шпанија, ретко кој не прашува да не е некоја грешка.
Политехника Јаши синоќа дома го пречека лидерот во романската лига и учесник во Лига Европа, Клуж. Итрите домаќини решиле да им дадат дресови од Селтик на сите деца задолжени за фаќање на топките крај теренот, со цел да ги нервираат играчите на Клуж кои неодамна изгубија од шкотскиот шампион во групна фаза од Лига Европа (иако чудесно го елиминираа Селтик во квалификациите за ЛШ летово, па пак се најдоа во ЛЕ).
Амад Траоре е првиот фудбалер роден 2002-ра година кој стана стрелец во италијанската прва лига. Даде гол за Аталанта против Удинезе. Епа следниот ден малиот не беше ниту во школо, ниту на рехабилитација по дебито во Серија А, туку имаше поважна работа.
На аматерски меч во Германија, случајно се најде еден на ограда да сними нешто што може само да помине во ринг. 28 годишен играч му влегува на 22 годишниот судијата со бокс, крајно сељачки и насилно по што овој паѓа на земја.
Навивач на Милан направил компилација на како што вели само сериозни грешки од синоќешното гостување на Олимпико каде загубија 2:1. Се фатија за Сусо дека ништо не играл, а навивачов кој размислува порационално вели вака:
Амад Траоре во јули годинава наполнил 17 години, а викендов стана првиот фудбалер роден во 2002 година кој дал гол во Серија А. Дебитираше во историската победа на Аталанта од 7-1 над Удинезе и 6 минути откако влезе во игра даде гол. А брат му Хамед Џуниор Траоре игра за Сасуоло како позајмен играч од Емполи. За него сериозно е заинтересиран Јувентус.
Седум години по ред, луѓе од шест држави организираат епски дружби за кои потоа се зборува со денови, а најубаво е да се доживеат на лице место. Овој пат беа собрани 400 фудбалски фанатици во Скопје, а ги спојува и поврзува нивниот омилен Ливерпул. Организаторот не може на себе да дојде од што е импресиониран.
Манчестер Јунајтед го совлада Норич со 1:3, но на овој натпревар промаши два пенали: Холандскиот голман Тим Крул (сетете се на пенал серијата Холандија - Костарика на Светското 2014) им ги одбрани ударите на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.
Околу два месеци и кусур како се игра фудбал во Европа, а тој веќе има постигнато 19 голови на сите натпреварувања. Во Бундеслига пак викендов постави нов рекорд. Се запиша на листата на стрелци на 9 меча по ред. Ова е ново кај него за со една, ама ај да видиме што прави со шест топки, односно топчиња.
Близу педесетина навивачи на Лацио, минатиот четврток гостуваа во Глазгов, каде нивниот тим играше против Селтик во Лига Европа. Додека оделе кон стадионот, марширале со римско салутирање познато како фашистички поздрав.
На свои 38 години еден од најголемите спортисти на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер по 10. пат ја освои титулата во родниот град Базел каде стално емотивно држи говор и не може да ги воздржи солзите.
Еден од посмешните моменти од хајлајтсот на мечот Јута Џез - Сакраменто Кингс во новата сезона од НБА беше поврзан со американскиот репрезентативец Донован Мичел. На погрешно место во погрешно време.
После мечот Фиорентина - Лацио (1-2), Франк Рибери кој беше заменет од тренерот Монтела со Боатенг во 74’ минута, им се пушти на судиите. Два пати силно го турна помошникот линиски судија Матео Пасери поради тоа што не сигнализирал фаул од Лукаку над Сотил во акцијата после која Чиро Имобиле го постигна победничкиот гол.
Арсенал после 9 минути водеше 2-0 против Кристал Палас и наместо да го затвори мечот, им дозволи на гостите да израмнат. Откако го примија вториот гол, Унаи Емери реши да го извади Гранит Џака од игра, а овој дополнително ги изиритира навивачите кои го исвиркуваа поради слабата форма цела сезона. Во еден момент им вика: Fuck off, поради што би можел да остане без капитенска лента.