МОЛ Фехервар каде играат репрезентативците Николов и Муслиу, викендов дома загубија 1:2 од Ференцварош. А и како да победат противник со ваков голман. Се вика Денеш Дибус, седма сезона е член на Ференцварош и слободно може да го викаат пајак. Ги исфрустрира Бобан и другарите со чудесниве интервенции.