По загубата на бодови со Парма минатиот викенд, на Интер му требаше само победа во Бреша, за да одржи чекор со лидерот Јувентус. Во 63’ минута Лукаку го постигна вториот гол и максимално ја приближи екипата до триумф.
Сите соиграчи збеснаа од радост, а најлуд беше Конте:
🥰 | BUONGIORNO
— Inter (@Inter) October 30, 2019
E niente, questa mattina ci siamo svegliati così...@RomeluLukaku9 🇧🇪🇧🇪🇧🇪#BresciaInter #ForzaInter 🖤💙 pic.twitter.com/4b2tyLKKN8
Поранешниот селектор на Италија и стратег кои им донесе драгоцени титули на Јувентус и Челси, е заљубен во Лукаку. Тој по секоја цена сакаше да го купи белгискиот шпиц уште како тренер на Јувентус и Челси каде во Ромелу гледаше идеална замена за Диего Коста со кого се замерија.
Лукаку тогаш сам раскажа дека го избрал Манчестер Јунајтед, а не Челси, поради управата на Јунајтед.
„Зборував со Мурињо, зборував и со Ед Вудвард. Чувствував дека во Манчестер Јунајтед веруваат во мене, а во Челси ме сакаше само тренерот Конте. Тој многу сакаше да ме донесе. Ми се јавуваше уште во 2013 кога беше во Јувентус. Идеален сум за неговиот систем на игра. Имаме прекрасен однос, имаме ист менаџер“, изјави Лукаку.
Интер најмногу доби од ваквиот однос на Ромелу и Антонио. Белгиецот има 7 гола после 10 кола во Серија А. Тој не само што игра одлично, туку и ги брани идеите на Конте. По ремито со Славија Прага во ЛШ (1:1), во соблекувалната Лукаку урлал на цел глас зошто не го почитуваат договореното со тренерот, а тоа не му се допаднало на Марсело Брозовиќ, па Хрватот и Белгиецот за малку не се пресметале. Во следниот меч и двајцата дадоа гол во дербито со Милан.
КОНТЕ ОДАМНА СЛАВИ БЕЗУМНО ГОЛОВИ
Пред една недела кога Интер ја совлада Борусија Дортмунд (2:0) во Лига на шампиони, Конте после судиската свирка за крај се залета кон авторот на вториот гол Антонио Кандрева и го креваше во раце.
Бескрајно лудо ги славеше головите и во Јувентус:
И во Челси: