8 години откако замина од Барселона и отиде на разни дестинации, 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ најави интересна новост, иако некои тврдат дека најверојатно станува збор за рекламна кампања.
Поразот од Лос Анџелес ФЦ во плејофот на МЛС, значеше и крај на авантурата на Ибрахимовиќ во американската лига. Швеѓанецот одигра две сезони за Галакси и постигна 52 гола. Неговиот договор истекува на 31 декември.