И тоа да видиш - 46 браќа дале гол во Серија А

Амад Траоре во јули годинава наполнил 17 години, а викендов стана првиот фудбалер роден во 2002 година кој дал гол во Серија А. Дебитираше во историската победа на Аталанта од 7-1 над Удинезе и 6 минути откако влезе во игра даде гол. А брат му Хамед Џуниор Траоре игра за Сасуоло како позајмен играч од Емполи. За него сериозно е заинтересиран Јувентус.

Браќата Амад и Хамед Траоре се 46 пар браќа кои постигнале гол во Серија А. Меѓу најпознатите секако се браќата Инѕаги, Филипо (156 гола во А) и Симоне (43 гола), Гунар Нордал (224 гола) и Кнут Нордал (1 гол), Микаел Лаудруп (25) и Брајан Лаудруп (6), Кристијано Лукарели (120 гола во Серија А) и Алесандро Лукарели (20 гола), Ромелу Лукаку (6) и Џордан Лукаку (1), Мауро Ѕарате (32) и Серџо Ѕарате (2), Фабио Канаваро (14) и Паоло Канаваро (12) и многу други:

Браќата Амед (Аталанта) и Хамед Траоре (Сасуоло) кои се родени во Брегот на Слоновата Коска и кои во моментов важат за едни од најталентираните млади играчи во Серија А. Амед пред неколку дена постигнал гол и имал асистенција во триумфот на Аталанта во младинската Лига на шампиони против Манчстер Сити.

 

28 октомври 2019 - 14:48