Во февруари 2000-та година Роџер Федерер го играше своето прво големо финале на ATP, а неговиот вчерашен ривал во финалето во Базел, Алекс де Минаур тогаш имал 1 година.
Федерер во Базел играше за четврта титула сезонава а пехарот го крена откако го победи противникот кој е 18 години помлад од него (Роџер му дозволи само по два гема).
Пред преполни трибини во неговиот роден град, каде публиката едвај го чека секој октомври во годината, со цел да го види својот најомилен човек во земјата, Роџер беше очекувано сентиментален.
Во Базел тој се родил, пораснал, првпат заиграл тенис, во детството бил и болбој (за што секоја година раскажува како првиот пат), првпат играл на турнир ATP, првпат се сретнал со противник од Топ10 и играл 15 финалиња.
We have no words... 😢
— Tennis TV (@TennisTV) October 27, 2019
Neither does @rogerfederer #SwissIndoorsBasel pic.twitter.com/oq7Mhww9An
„Се сеќавам како во 97-ма играв тука квалификации, а следната година ми дадоа wild card, и ми се падна Агаси. Кој би можел тогаш да замисли дека ќе имам ваква кариера? Памтам колку бев скршен кога во 2000-та во пет сета против Енквист го изгубив своето прво финале тука, а потоа ме чекаа уште 14 (финалиња)“, носталгичен беше Федерер синоќа по триумфот во Базел.
Инаку турнирот има традиција после секое финале да ги наградува и децата задолжени за топчињата. Така има и едно видео на кое се гледа како 12-годишниот Роџер Федерер после финалето 1993-та добива медал од Михаел Штих кој играл против неговиот иден тренер Штефан Едберг.
„Обожавав да бидам болјбој тука. Можев да ги гледам најдобрите играчи од близу, да видам како се спремаат, како сервираат, како се справуваат со притисокот. Тоа беа врвни моменти. Сакав барем уште малку да бидам болбој. Тие секогаш ќе бидат во мојата душа“, рекол Роџер додека делел пица за децата кои фаќале топки.
Федерер е единствениот болбој кој станал професионален тенисер со повеќе од 100 титули (103).
Во моментов брка епски рекорд, оној од Џими Конорс кој има 109 титули во кариерата. Последниот пехар Конорс го освоил на 37 години, а кариерата ја завршил на 44. Швајцарецот не признава дека му го мерачи рекордот на Конорс, но тоа е очигледно: на 38 години Федерер е трет рекет на светот, а последен пат освоил помалку од 4 титули во една сезона во 2016 година кога имаше операција.