Милан како раштиман оркестар против Рома

Навивач на Милан направил компилација на како што вели само сериозни грешки од синоќешното гостување на Олимпико каде загубија 2:1. Се фатија за Сусо дека ништо не играл, а навивачов кој размислува порационално вели вака:

„Тука има 10 играчи, не е дека треба да се фатиме за еден. Проблемот е подлабок и се наоѓа во корените“.

Милан има очаен старт со 5 порази, едно реми и само 3 победи. На делба се на 12-то и 13-то место со Удинезе. 

28 октомври 2019 - 15:38