Везилка од Блаже Конески на Камп Ноу

Барселона сезонава нема перфектен старт бидејќи има 7 победи по 10 изминати кола, ама затоа кога ќе им тргне како вчера, да му е мерак да човек да ја гледа со овие лепота од акции и голови.

Каталонците се доста ефикасни со 28 погодоци. Реал има дадено 16, а Атлетико 11. Синоќа го потопија Реал Ваљадолид со 5:1 и си поигруваа со финти и пред сè со нивната уникатна пас игра на која тешко се наоѓа лек.

Да речеме дека само првиот гол е малку на шашма и не произлегува од оние нивни препознатливи изградени акции. Ама ајде барем да го видиме волејот на дефанзивецот Клеман Лангле по кој голманот не мрдна. За другате како да ви кажеме, гледајте и уживајте во оваа вистинска фудбалска лекција

Вториот е на Видал по една маестрална топка со очи на Меси

За третиот нема што да се коментира. Ова е гол број 50 за него од слободен. 44 за Барса, 6 за Аргентина.

Погледнете само како брзо и прецизно го избработија следниот, зад кој стои опасната банда составена од Видал, Суарез, Ракитиќ и еггекуторот Меси.

И последниот е тоа од насловот. Е не се нормални.

Бонус

30 октомври 2019 - 09:22