Offside

Славниот Маурицио Сари кој беше тренер на Наполи, Челси, Јуве и Лацио, ќе има можност, веројатно како прв во Серија А да работи со играчи од сите поранешни југословенски земји. Елиф Елмас ја комплетираше оваа интересна листа во тимот од Бергамо.

Ембиид играше со бројот 24 и даде 24 коша

Влијанието на Коби врз многу генерации се гледа на глобално ниво. Од неговата игра и став учеа многу млади кошаркари ширум светот.

Ви се случило ли ова на серва во маало?

На серва додуше имало комични сцени од типот кога ти доаѓа на глава, ти по грешка да ја удриш со нога или обратно, а ова со Аласан Плеа од Борусија Менхенгладбах ни личи дека не е волеј по грешка, туку осмислен мангупски потег.

Шекил низ солзи

„Духот ми го напушти телото, сакам да можам да кажам едно нешто... за последен пат за луѓето кои ги изгубивме. Зошто еднаш кога ќе заминеш, заминуваш засекогаш“.

Шек се појави пред Стејплс центар

Легендарниот центар кој со Коби беа како браќа, се појави пред топлата народ насобран на местото каде славното дуо освои три шампионски прстени. Колку и да е во шок, се обиде барем за момент да го разведри амбиентот.

Me and my Kobe

Додека сум под силни емоции да нашкрбам нешто…

Да се навратиме на голманите на кратко

Кога тврдиме дека за голман стварно треба да имаш посебна „дарба“ и дека не секој може да стане голман, тоа и го мислиме.

Навивачите на Манчестер го нападнале домот на Вудворд

Армијата навивачи на славниот Јунајтед од ден на ден станува сè понетрпелива со потпретседателот на клубот Ед Вудворд кој со тотално фудбалско не знаење одговара за трансфер политиката на клубот.

Драма и пол на Сан Сиро со два пресврти и продолженија

Серијата на Росонерите откако дојде Ибра продолжува со петта победа во низа (3 во првенство и 2 во Куп). Но овој пат на навивачите им ги искинаа и онака кревките нерви. До 90-та минута имаа елиминација, но на крај се пласираа во полуфинале.

Како Милан му оддаде почит на Коби

Брајант беше навивач на Милан, носеше нивен дрес, а тоа им го кажа и кога ги посети во Миланело и тоа на италијански. Погледнете ја оваа атмосфера пред четвртфиналниот дуел од Купот на Италија меѓу Милан и Торино. Морници.

Плоштад Коби Брајант

Реакциите не стивнуваат, тагата трае кај многумина негови обожаватели, а веќе паѓаат и одлуки што да се крсти во негово име. Италијанците донесоа одлука за на нивни терен.

Тој беше наш компањон - Латиносите жалат по братот Коби

Шпанските говорници меѓу жителите на Лос Анџелес исклучително многу го почитуваа Брајант не само како икона на нивниот Лејкерс, туку и како човек кој го зборува нивниот јазик и ја негува латино културата како да е еден од нив.

Пак да им давате државни пари

Ај што одбиваат да навиваат за Македонија и го бираат Косово, туку и ја сејат сета омраза кон сè што е македонско, од народ до држава и тоа и на трибини и во интервјуа. Тогаш која е логиката како навивачка група да добиваат пари за самопромоција од тука?

Две другарки на Џана, нивните родители, тренерот и пилотот - луѓето кои загинаа со Коби и ќерка му

Хеликоптерската несреќа однесе 9 животи - сите летале на младинскиот кошаркарски турнир кој требал да се одржи во академијата на Коби Брајант.

Емотивна изјава на Новак за Коби

Српскиот тениски ас го победи Милош Раониќ на Австралија опен, а потоа доби прашање за трагично загинатиот кошаркарскиот ас. Изјави дека се познавале 10 години, дека секогаш му бил тука за совет и поддршка и дека му бил пријател и ментор. На крај се расплака.

„Како мал, имаше обичај овде во Италија да се пентари на обрачите“

Меѓу безбројните објави што за инспиративниот живот и кариера на Коби, што за најубавите моменти кои им ги пружил на навивачите, има и такви кои се навраќаат на неговото детство.

Навивачките групи се обединија за Македонија, освен Балистите кои им удрија контра

За време на морето од вести поврзани со смртта на мега ѕвездата Коби Брајант, во мак фудбалот падна историска одлука. Македонските навивачки групи заедно ќе навиваат против Косово што многу не радува, плус конечно на Градски атмосферата нема да биде театар.

Јужна Америка, изворно

На мечот Сентрал Кордоба - Колон во Аргентина, на коментаторите им било толку жешко што решиле да фрлат и маици и кошули и сè што не им треба. Сите четворица кои го работеле преносот се соблекле ко пред зграда се летно време.

Како помошникот тренер на Барса го вика Видал да се загрее

Едер Сарабиа е еден од неколкуте асистенти тренери на Кике Сетиен. Кога главниот тренер му рекол да му каже на Видал да се загрее, Сарабија да не урла покрај аут линијата, само направи еден потег.

Милан ќе носи црн флор за Коби и ќе одржи минута молк и покрај забраната од Лигата

Брајант беше голем, баш голем навивач на Милан, посебно затоа што раскажуваше дека најубавите спомени од детството ги носи од Италија, каде татко му Џое играше кошарка.

Кариерата на Коби во 2 минути

На неговиот последен меч во 2016-та картата на Лејкерс - Јута стигна до 25.000 долари, а тој постигна 60 поени. Доволно е?

Неверојатниот Федерер спаси дури 7 меч топки и победи

Швајцарецот едвај се избори со 100-от играч на светот Тенис Сандгрен, Американец кој направи најголеми изненадувања на Австралија Опен годинава. Роџер победи со тешки маки со 3:2 во сетови (3:6, 6:2, 6:2, 6:7, 3:6) откако во 4-от сет спаси дури 7 меч топки на противникот, победи и се пласираше во полуфинале. Лудост.

За Коби

Коби е енергија, мотивација, инспирација во движење. Борба, издржливост, натпревар. Неприфаќање на статус кво, немање изговори, незастанување додека не стигнеш до целта. Игнорирање на болка, падови, повреди.

Видео со неверојатните сличности меѓу Џордан и Коби

Двајцата со сигурност најдобри кошаркари на сите времиња имаа толку многу сличности во играта на теренот, што делува мошне необично. Мајкл изрази длабоко сочувство до семејството и пријателите на Брајант за кого кажа дека е еден од најголемите во неговата генерација.

Лино ги пцуеше нашите судии, а најдобри беа во финалето

Исцрпената Хрватска од епското полуфинале против Норвешка кое го доби на продолженија, немаше сили да се носи до крај со Шпанците. Игор Карачиќ во последниот напад направи апла чекори, Славе и Ѓорги ги забележаа и донесоа исправна одлука. Балкан Хендбал ги испофали за професионалниот потег и општо цело судење.