Зоте бе што стори со волејов?

Опасно голчиште начекавме во сала, а уште повеќе ни прави ќеиф што го постигна наш човек. Погледнете ја оваа маестрална комбинација од корнер и следете како ќе се ослободи и каква бомба ќе испука играчот со број 2.

Се работи Зоран Левески - Зоте, еден од нашите најдобри футсал репрезентативци со голем стаж, кој со години е капитен на Македонија. Во видеото го има уште со две мајстории. На втората краде топка, влече контра и дава гол, а на третата му одигра на голманот ала Тоти.

Шкупи - Проект Гевгелија, сезона 2019/2020.

16 април 2020 - 13:16