Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Учесник во Втората светска војна, капетанот Том Мур решил да направи сто круга од по 25 метри во дворот во својот дом, со цел да собере средства за медицинските работиници од Националната здравствена служба (NHS).
Додека воглавно читавме за тоа како најбогатите клубови и фудбалери се справуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 (нема фудбал, нема тв права, нема реклами, нема продадени влезници и дресови), стигна сторијата за еден играч од Њукасл.
Само што се расправаше бурно со судијата и Фергусон се остреше да го извади од игра, 20-годишниот Руни целиот бес го искали на една топка која ја начека на прва и со волеј ја искина мрежата на Њукасл за израмнување на резултатот 1-1.
Ова е сезоната за која им се плаче на навивачите на Арсенал. 2003/2004, шампиони, за последен пат и тоа без пораз. Бандата на Венгер ич да почнуваме да ја броиме. Тиери Анри стрелец број 1 во Премиер лига со 30 гола. Здиве против Лидс.
Кога дошол во Милано во 1999-та, сè уште не бил свесен за тоа дека Италијанците најголемо внимание обрнуваат на модните трендови и дека тоа им е во крвта.
Најпознатата велосипедска трка на светот, најверојатно ќе стартува на 29 август, одлучија организаторите, откако француската влада и претседателот Макрон ја продолжија забраната за масовни собири до средината од јули поради пандемијата на вирусот.
Шпанија заедно со Италија се најпогодените земји од епидемијата на Ковид-19. Од таа причина, Барселона ги обедини своите фудбалери, навивачи и други познати личности и сними емотивно видео под наслов: „Денес се бориме, утре играме“.
Фудбал нема повеќе од еден месец (освен во Белорусија и Таџикистан) и сега сфаќаме колку важен дел од животот пред коронавирусот беа директните преноси од натпреварите.
Во реванш четвртфинале од Лига на шампиони, Јунајтед со Фергусон на клупата му гостува на Порто на „Драгао“. Проаѓаат 6 минути и Кристијано распалува бомба од преку 35 метри за 0-1. Мечот така и заврши и Манчестер со вкупен резултат 2:3 од двата меча отиде во полуфинале.
За следните летни Олимписки игри 2020, ќе почекаме до 2021-ва, ама па никогаш нема да дочекаме трка како онаа пред 100 и кусур години во Сент Луис. Знаете ли вие дека олимпиец се има шверцано во кола за да стигне до целта, а на друг му дале коњак со отров за да издржел?
Најголемиот на сите времиња, на врвот на својата кариера остана без татко му Џејмс, кој брутално бил убиен од двајца 18-годишници додека спиел во кола на автопат. Мајкл по долга пауза се врати на паркетот и успеа да освои нова шампионска титула во чест на татко му.
Дуелот во Интерконтиненталниот Куп (денес ФИФА Светско клупско првенство) меѓу Јувентус и Аргентинос Хуниорс во 1985-та е прогласен за најдобар натпревар во историјата на овој турнир. На Платини му поништија еврогол.
Коронавирусот во Велика Британија не отстапува, до 13-ти април според властите, од Covid-19 се заболени преку 11.000 луѓе. Стадионите ги пренаменуваат во лаборатори и болници.
Се сретнаа во полуфиналето на ФА Купот во 1999-та. Резултатот беше 1:1 со головите на Бергкамп и Бекам. Во 109-та минута Рајан Гигс ги однесе во финале. Ај што се проби како шило низ цела одбрана, туку имаше сила и да ја дувне силно во гол.
Работнички, Силекс, Слога, Шкендија солидно се држат едни од други, ама мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид 19 најмногу ги почитуваат Вардарци. Оди доближи им се да те видам.