Прво нешто што сака Горан Пандев (полни 37 во јули годинава) кога Серија А ќе продолжи, е опстанокот со неговиот клуб Џенова и пласман на Европско 2021. А малку фалеше во јануари да се врати во клубот во кој пред 10 години освои тројна круна со Жозе Мурињо.
За емисијата Калчомеркато Л'Ориџинале (Calciomercato - L'Originale) која на Скај Спорт ја води Џанлука Ди Марцио, Пандев раскажа за повикот од Интер:
„Имаше разговори, но од старт имав јасна идеја. Пјеро Аузилио (спортски директор на Интер) ми се јави во претпоследниот ден од преодниот рок со конкретна понуда: Договор до крајот од сезоната со можност да останам во Интер како функционер (раководител).
Прво го прашав дали се шегува и се насмеав. Му реков да побара некој помлад. После зборував со Ѕарбано (спортски директор на Џенова) ми тој ми рече: „Горан, не зборувај за заминување. И немаше да биде убаво да заминев“.
"Mi state prendendo in giro? Cercatene uno più giovane" La chiamata di Ausilio a gennaio e la risposta di Pandev https://bit.ly/3a83qc5
Posted by Gianluca Di Marzio on Monday, 13 April 2020
ЗАСЕКОГАШ БЛАГОДАРЕН НА ИНТЕР
Прва и главна причина што решил да остане е да и помогне на Џенова да се спаси од испаѓање.
„За мене Интер е се, тоа е клуб кој ме донесе во Италија и ми го смени животот. Преговаравме но од почеток имав јасна идеја“.
Струмичанецот се сеќава и на неверојатниот меч кога маестрално го реши Баерн среде Минхен со спектакуларен гол во сезоната 2010/2011:
„Ето ми намести сјајна асистенција. Одигравме врвен меч откако изгубивме дома. Со мојот гол отидовме понатаму, каква емоција!“, додава Пандев.
Капитенот на Македонија на Сан Сиро последниот меч го одигра на 8 март против Милан пред затворени трибини без публика поради избивањето на Ковид-19.
„За последниот меч во Милано многу беше лоша состојбата, зошто не се знаеше дали воопшто ќе играме. Мистер (тренерот) зборуваше со поискусните играчи и се концентриравме само на мечот. Го искористивме тоа што Милан можеби не беше концентриран. Ни требаа бодови, дадовме се од себе и заслужено славевме. Штета што се прекина првенството, тргнавме јако со Никола (тренерот на Џенова“.
САКАМ ДА ИГРАМ ЕВРОПСКО СО МАКЕДОНИЈА И ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАМ
Горан, роден 1983-та година зборуваше и за своите планови во блиска иднина кои му се сменија со одложувањето на Европското.
„Би сакал да продолжам уште една година, зошто мојот сон да завршам со Европско се одложи. На почетокот на оваа сезона размислував да се пензионирам на крајот од годината, но после стигна оваа трагедија со коронавирус која што смени се. Се надеваме дека ќе се вратиме што поскоро во нормален тек. За една работа сум задоволен, цело време бев надвор и не успевав да уживам со децата“.
За крај, Горан констатира:
„Не сакам да бидам тренер. Би можел да бидам раководител, функционер или да работам со моите менаџери. Сакам да им помогнам на младите од Македонија“.
Во меѓувреме Интер објави дел од епизода за Пандев и Тиаго Мота.