Фудбалерите од Премиер лигата и Чемпионшип несебично ги помагаат медицинските работници, поддршка има преку посебен фонд, а клубовите ги допуштаат стадионите за болнички пунктови.
Тотенхем покажа како изгледа една таква база на неговиот ултра модерен стадион.
„Вајт Харт Лејн“ е пренаменет за службата од болницата во Северен Мидлсекс. Оспособени се и слободни места за болни од Covid-19.
Просториите за прес-конференции се пренаменети во соби за испитувања и тестирања, а гостинската соблекувална во делот за американски фудбал е приспособена за породилно одделение.
Зоната во подтрибинскиот простор за флеш-интервјуа и судиската соба се исто наменети за консултации и скенирања. Гостинската фудбалска соблекувална се користи како клиничка соба за акушерки и административна канцеларија.
Во овие канцеларии има и мобилни лаборатории за тестирање на вработени во Националната здравствена служба и членовите на нивните семејства кои се најмногу изложени затоа што работат од првени борбени редови.
Просториите во гаражите под стадионот веќе неколку недели ги користи Лондонската алијанса - хуманитарна организација која доставува продукти за најсиромашното население и социјалните случаи. Тука се доставува овошје и други продукти кои подоцна од стадионот се разнесуваат на адреси.
Покрај тоа што дозволи стадионот да се користи за потребите на NHS, Тотенхем покренал и акција 'Shape Up With Spurs', бесплатна програма во која фитнес-тренерите од клубот снимаат циклус тренинзи во затворени услови за сите кои сакаат да се занимаваат со спорт во време на карантин.