Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Арат Хосеини има 7 години и доаѓа од Иран. Периодов е хит на социјалните мрежи каде има повеќе од 3 милиони следбеници. Не само што го бива за фудбал туку и е развиен ко Тарзан. Последната порака му беше до Лионел.
Со мала импровизација, можно е да се направат пристојни услови за тренинг за време на карантинот кој владее глобално. 20-годишната српска пливачка Ања Цревар се одржува во форма во импровизиран базен дома. Таа веќе обезбеди олимписка виза за Токио 2021.
Клубот имал најмал буџет во лига, ама тоа не значeло ништо бидејќи имале голем мотиватор и харизматичен лик кој се поставува со цело срце, без разлика дали се бори за трофеј во Европа или за опстанок.
Нема апарат кој може да го измери задоволството на неутралните гледачи кога играч под морање облекува ракавици зошто голман е повреден или исклучен, а екипата нема веќе право на измени.
Одлично е тоа направено и на автентичен начин секој од својата дома. Сите со навивачки реквизити, а меѓу нив имаме гитарист, виолинист, хармоникаш, боем со салата и ракија, па дури и еден ловџија. Држте се стружани и само весело.
Скоро и да нема фудбалска фотографија од Италија која е запаметена повеќе од оваа: сликната на 12 април 2005 година со двајца играчи на неа: Руи Коста и Марко Матераци кои гледаат во густиот дим од пиротехника на „Сан Сиро“.
Во единствената лига која се игра во Европа, а веројатно и светот, на трибини се појавија навивачи на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Салцбург, Ајакс, Борусија Дортмунд и многу други. Тоа е, не се издржува више.
Во соработка со платформата DAZN која нуди фантастичен спортски материјал, Интер ја најави документарката „Аутсајдери“ со неколку епизоди. Во најновата, трета по ред се зборува за издржливоста на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, како и Тиаго Мота, соиграч на Пандев од Интер. „Издржливоста на Горан Пандев и Мота нè качи на светскиот врв“, стои во најавата.
Во единствената земја каде што се игра фудбал и каде мртви ладни си ја тераат сезоната, викендов се комплетираше 4. коло. БАТЕ Борисов го совлада на гости Минск со 0:3, а во 62-ра минута Павел Нехајчик директ ја свика во корнер. Голманот исплива во празно.
На 12 април 2000-та, Баерн Минхен гостува кај Фрајбург. Во еден момент од мечот од трибините полетува голф топче и му ја пука аркадата на најдобриот германски голман во тие години. Кан го сошија и го доигра мечот на кој Баерн после пресврт и со играч помалку победи со 1:2.
Откако не доби многу шанса во Барселона, Бразилецот Малком направи трансфер во Зенит и се препороди во Русија. Тамошната прва лига се играше до март кога запре поради вирусот. Малком блесна на последните неколку натпревари и заслужено го изгласаа за играч на месецот. Ама како да му ја дадат наградата во услови на изолација?
Да не знаеш дали е побудала бекот на Брегот на Слонова Коска кој се прај дека разбира севернокорејски или селекторот на северојнокорејците кој губи 3:0 во судиско продолжение и дели совети.
Во Италија сезоната е прекината веќе повеќе од еден месец, а играчите од странство добија дозвола да се вратат дома. Златан на време се прибра во Шведска и формата ја одржува во Хамарби.
На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.
Новиот документарец за најдобриот фудбалер на Африка во 2019, насловен Made in Senegal, покажува колку напаѓачот на Ливерпул бил трогнат од раната смрт на татко му па решил да изгради болница.
Реал во таа сезона 2012/2013 имаше 3:0 од првиот четвртфинален дуел, а на реваншот поведе со голот на Роналдо уште во 7-ма минута, што значи на Турците им требаа 5 гола за полуфинале. Ако ништо друго барем им дадоа надеж на навивачите и ги фрлија во делирум.
Море каков лош, далеку е од лош. За 13 сезони освоил 17 трофеи и постигнал 411 гола на 605 клупски натпревари. Дури 11 пати бил број стрелец број 1 на сезоната, седум пати во првенство и уште четири пати во куп.
Имало каков таков излез од овој спортски мрак кој како тргнале работиве ќе потрае уште два месеци. За тоа се погрижи Македонската радио телевизија. Имаме радости уште во првиот викенд во затка.