Кристијано се врати во Португалија по последниот меч на Јувентус против Интер (2:0), а откако набрзо беше откриено дека стоперот Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус, Роналдо останал во родната Мадеира. Помина повеќе од еден месец, Португалецот направил неколку тестови и бил негативен.
Во меѓувреме на својот инстаграм неговата сопруга Џорџина објавуваше како тренираат во дворот и околу домот, а сега Кристијано решил да отиде до главниот стадион во неговиот роден град Фуншал каде игра Насионал Мадеира од втората португалска лига.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња бил забележан со неколку луѓе од клубот со кои не баш многу се придржувале до препорачаното растојание од најмалку два метри. Поради ова веднаш го критикувале на социјалните мрежи.
Министерот за здравство на Португалија, Педро Рамош изјавил дека напаѓачот на Јувентус не ги нарушил правилата, но дека не е привилегиран:
„Роналдо нема посебна дозвола за тренинг. Тој има право да тренира додека сè држи до правилата како и сите граѓани, нема никакви привилегии.
Сите граѓани можат да излезат од дома и да работат или вежбаат се додека ја одржуваат сигурната дистанца за време на тренинзите. Посебна дозвола немаше зошто сите сме во иста положба за време на пандемијата.
Секако, најдобриот играч на светот треба да го користи својот имиџ за да дава пример, но ми кажаа дека тренирал неколку минути и никој во светот не претрпел никаква штета. Не би сакал да упростувам зошто сите сме одговорни. Сите жители на Мадеира се држат до препораките од регионалната влада. А оние кои не се придржуваат може да бидат казнети од властите“.
Во Мадеира нема тотален карантин и покрај тоа што не е мал остров (267.000 жители) и таму се заразени повеќе од 500 лица. На локалните жители им препорачале што поретко да излегуваат на улица. Но нема забрани.
Критика за Роналдо стигна од Лацио, клубот кој најгласно пропагира што поскоро продолжување на италијанското првенство.
„Играчите на Лацио седат дома додека Роналдо во Португалија тренира на фудбалски терен. Ситуацијата не е еднаква за сите. Спортистите од странство имаат предност во однос на тие кои останаа во Италија“, рекол портпаролот на клубот Артуро Диаконале.
Италија, според епидемиолозите и вирусолозите од оваа земја го поминала пикот на зараза од вирусот и според властите, мерките ќе бидат поблаги веќе од 3 мај, а од 4-ти мај се планира и враќање на Серија А.
Газета дело Спорт пишува дека веќе од понеделник сите играчи на Јувентус кои заминале од Италија се должни да се вратат во Торино. Шампионот Јуве планира да почне со тренинзи во помали групи како што минатата недела започна Баерн Минхен.