Ибрахимовиќ во ноември лани вложи пари и купи 25% од акциите на стокхолмскиот клуб. Тоа ги разгневи навивачите на Малме, родниот, матичен клуб на Златан.
Месец дена пред Ибра да купи акции во Хамарби, пред стадионот во Малме му поставија огромна статуа на Златан во природна големина. Тој долги години важеше за симбол на овој клуб, но откако се реши да вложи во нивниот ривал Хамарби, неговата статуа повеќе пати беше оштетувана.
Тоа многу не го растревожило Ибрахимовиќ. Тој не живее во Малме, туку во Стокхолм каде го фалеше Хамарби и кажа дека клубот има перспектива. А сега почна и да тренира со тимот на Хамарби во нивна опрема.
Претседателот на овој клуб од главниот град, Ричард фон Јускул рекол: „Нема некоја голема драма во тоа, тој побара да тренира со нас а ние прифативме. Многу е добро што тој сака да се занимава со нас“.
Ибрахимовиќ и претходно ги посетувал натпреварите на Хамарби а дури и тренирал во нивната база но не со првиот тим, што е нормална пракса за многу спортисти.
КАКО ЦЕЛА ЕВРОПА ЗАТВОРЕНА, А ВО ШВЕДСКА ТРЕНИРААТ БЕЗ ЗАБРАНИ
Шведска, најголемата скандинавска земја е единствената држава во Европа која практично не презема карантински мерки. Единствено се забранети собири со повеќе од 50 луѓе.
Во Шведска нормално работат трговски центри, кафулиња, ресторани, фризерници и други локало. Никакви ограничувања барем за сега немаат. Целата работа е во тоа што здравствениот систем, заедно со властите се решија на стекнување тн. колективен имунитет.
На ваков чекор се решија првично и Велика Британија и Холандија, но Британците после прогнозите на лекарите (сметаа дека во тој случај би можеле да имаат дури и половина милион жртви од вирусот), па го разубедиле премиерот Борис Џонсон кој и самиот подоцна се зарази од коронавирус.
Но од друга страна во Шведска нема позитивни прогнози затоа што во моментов има околу 9.000 заболени и околи 800 смртни случаи (дури 8 пати повеќе пример од една Русија).
Во скандинавските соседи на Шведска и во Финска, каде има построги мерки, има помалку смртни исходи. Во Шведска има 78 жртви на 1 милион жители, во Норвешка 20, во Данска 41, во Финска 7,6 лица во просек.