На времето, докторите од НХС му помогнале во лекување на рак и при прелом на колк. Оттогаш наваму капетан Том Мур непрестано им заблагодарува на здравствените работници.
Необично, тој планирал да прави по 10 круга на ден до својот 100-ти роденден и да замислата му била да собере 1.000 фунти.
Овој подвиг го следеле 450.000 луѓе од целиот свет и кога капетанот Мур достигнал 100 круга, во фондот биле собрани неверојатни 12 милиони фунти!
He's done it! 👏#CaptainTomMoore has completed his 100 laps before his 100th birthday live on #BBCBreakfast! 🙌
— BBC Breakfast (@BBCBreakfast) April 16, 2020
He's raised over £12 million for the #NHS
Well done @captaintommoore from everyone at the @BBC 💕 pic.twitter.com/rtil8gKKmJ
„НХС го заслужуваат секое пени кое го добивме“, рекол Мур.
Неговата ќерка Хана е сигурна дека татко и нема да застане тука.
„Ова ги надмина сите наши смели очекувања. Нема зборови со кои може да ја изразиме нашата благодарност до британското општество. Ова го охрабри за следната цел. Мислам дека ќе оди додека сите не му речат 'Стоп, застани, немој веќе'.
Throwback Thursday! #ThrowbackThursday #walkwithtom pic.twitter.com/Y7N2f4tLBN
— Captain Tom Moore (@captaintommoore) April 9, 2020
На еден од секојдневните прес-конференции, министерот за здравство на Британија Мет Хенкок му заблагодари на ветеранот: „Денес сакам посебна почит да му изразам на капетанот Том Мур. Капетану Том, вие сте инспирација за сите нас и ви благодариме за тоа“.
Том Мур за време на Втората светска војна стигнал до звањето капетан. Учествувал во борби во Индија и Мјанмар. По капитулацијата на Јапонија отишол во полк на Суматра, а после се вратил дома и работел како инструктор во воена школа во Англија.