Голот за кој Кристијано Роналдо тврдеше дека му е најубав во кариерата
Во реванш четвртфинале од Лига на шампиони, Јунајтед со Фергусон на клупата му гостува на Порто на „Драгао“. Проаѓаат 6 минути и Кристијано распалува бомба од преку 35 метри за 0-1. Мечот така и заврши и Манчестер со вкупен резултат 2:3 од двата меча отиде во полуфинале.
Поради тоа што е дете на Спортинг Лисабон, лутиот ривал на Порто, цел стадион му свиреше при секој контакт со топката. Ама Роналдо ги стиша уште од почеток: