Конзорциум од Саудиска Арабија е во завршната фаза од купувањето на пакетот мнозински акции од Мајк Ешли и со тоа Њукасл ќе добие нови газди.
Лице на конзорциумот е Аманда Стејвли и нејзината компанија PCP. Таа безуспешно веќе неколку години се обидуваше да го спои Ешли со разни инвеститори и на крајот конечно успеа, и тоа со најбогатиот извор на светот.
Целата зделка е пред сам крај - документите кои ја потврдуваат зделката веќе се готови во тамошниот Централен регистар. Како што пишува Daily Mail Ешли бил сигурен дека како никогаш досега не бил толку уверен дека клубот е продаден.
Тој ќе добие околу 300-310 милиони фунти од продажбаа на клубот. Компанијата PCP зад која седат нафтните гиганти од Саудиска Арабија решила да го плаќа трансферот во неколку рати, а клубот да им биде препишан. За ова Ешли размислувал да го даде PCP на суд.
Формално во документите не е заведено, но зад Стејли стои Саудиска Арабија, односно нејзиниот Државен инвестициски фонд (PIF). Ова подразбира дека фирмата на Стејли 100% е биде под управа на Саудиска Арабија.
PIF кој е контролиран од принцот Мухамед бин Салман, ќе биде сопственик на 80% од акциите на клубот, а Аманда Стејвли ќе владее со 10%. Токму таа се очекува да има клучна улога во управувањето со Кастл. Преостанатите 10% се во сопственост на британските милионери Дејвид и Сајмон Рубен.
ОД КАДЕ ПРИНЦОТ БИН САЛМАН СО ФУДБАЛОТ?
Мухамед бин Салман е наследен принц на Саудиска Арабија. Во 2009 година тој станал советник на својот татко Салман, тогаш губернатор на провинцијата Ријад. За 8 години Мухамед бин Салман стигна до местото наследен принц и главен човек во земјата. Кралот веќе има 84 години.
Мухамед стана познат во 2017-та година кога го водеше антикорупцискиот комитет на Саудиска Арабија и иницираше апсења, приведувања меѓу кралските семејства.
Под обвинение за корупција биле задржани 11 принца и повеќе од 500 други лица. Благодорание на ова принцот стекнал контрола над тритe гранки од власта. Фракцијата на поранешниот крал Абдула изгубила влијание.
Во 2018-та година кога брутално беше убиен и масакриран новинарот Џамал Хашоги, токму принцот Мухамед го обвинија за организација затоа што Хашоги жестоко го критикувал во колумни.
Мухамед раководи со диверсификација на економијата на Саудиска Арабија преку проектот Vision 2030, според кој земјата треба: да стане помалку зависна од нафта, да се отвори за туристи во најголем дел од Европа и Америка, да стекне имиџ меѓу главните трговски партнери.
Под негова власт, Саудијците почнаа да вадат туристички визи за странци во 2018-та. Пред извесно време тој овозможи жените да стекнат возачка дозвола првпат во историјата на оваа земја.
ШТО ЌЕ БИДЕ СО ЊУКАСЛ?
Претседател на советот на директори на Њукасл ќе стане раководителот на PIF, Јасир ал Румајан. Овој човек е многу важен бизнисмен за Саудиска ААрабија.
Тој претседава со советот на директори на најголемата компанија на светот, нафтениот монополист Saudi Aramco (според капитал тежок 1,44 трилиони долари). За пример руски Газпром тежи 26 трилиони долари.
Saudi Aramco е побогата компанија и од Apple и Google.
Овој нафтен гигант неодамна потпиша огромен договор со Формула 1 и спремна е да плати рекордни 60 милиони долари за ГП трка во Саудиска Арабија.
Ако англиската Премиер лига ја одобри зделката, тогаш новите сопственици ќе можат слободно да инвестираат во клубот. Зделката носи кодно име Project Zebra, симболично поради боите на Њукасл.
Интересно, новите инвеститори решиле да ја сменат одлуката на досегашниот сопственик Ешли да ја користи владината програма за помош на клубовите. Тоа е прв одличен пи-ар потег, затоа што веќе сите клубови од Премиер лига го одбија предлогот од владата. Сите освен Њукасл.
Њукасл веќе одамна бараше нови газди. Мајк Ешли го купи клубот во 2007-ма година за 134 милиони фунти во тој момент клубот беше пред колапс со долгови од 110 милиони фунти а Ешли ги затворил сите долгови, но со само една цел: да ги препродава.
Пред неколку години шеиците од ОАЕ активно бараа клуб во Премиер лига во кој ќе вложат, а Њукасл, град и клуб со голема традиција и веќе развиен бренд, беа многу привлчени.
Но Ешли немал искуство со арапската култура па направил многу погрешни потези. Почнал да ги форсира преговорите, дури и сам одел во Дубаи. Не знаел дека во ОАЕ повеќе доверба имаат на своите посредници, а не на странци.
Ешли катастрофално го водеше Њукасл со очајни преодни рокови и со редовна смена на тренери. Стана најомразен лик во цела Премиер лига. На трибините на „Сент Џејмс парк“ редовно стојат банери со натпис: „Мајк, губи се од клубот“, „Ешли марш од Њукасл“, „Продај го клубот“.
Ешли заработил од Њукасл (клубот покажал профитен буџет во 7 од последните 8 години, дури 79 милиони фунти заработка, најголема од сите други Премиерлигаши, но клубот малку трошел на засилувања.
Со него на чело, Њукасл два пати испадна во Чемпионшип (во 2009-та и 2015-та). Ешли не успеа ниту да го задржи Рафа Бенитез, еден од најтрофејните тренери на светот.
И покрај тоа Њукасл остана бајрактар на Североисточна Англија, регион во кој живеат 3 милиони луѓе. Овој регион во последните десетина години стана фудбалски најдепресивен амбиент од неколку причини.
Вечниот ривал на Њукасл, Сандерленд сега води битки во трета лига и ризикува да испадне дури уште пониско во четврта дивизија (и тие мака мачат со некомпетентен сопственик). Скоро тешко да се вратат во Премиер лига.
Мидлзборо исто никако да се опорави. Во моментов е во Чемпионшип но далеку од најуспешните тимови и покрај подемот во '90-те години. Сите други клубови од овој регион на Англија се далеку под Сандерленд.