Малезиската компанија Karex Bhd која произведува 20% од контрацептивни препарати во оваа земја, принудно е затворена. Во Кина и Индија кои се главни производители исто така се затворени неколку компании.
Во меѓувреме се огласи легендарниот фудбалер на Парма и Њукасл Фаустино Асприња кој од 2014-та година раководи со сопствената компанија за производство на кондомите Tino.
Асприља на Твитер објави дека почнуваат со достава на презервативи со дронови.
Култниот колумбиски центарфор имал во складиштата залиуха од 3,6 милиони презервативи и за да го задоволи пазарот организирал акција: на три купени пакети, четвртиот е гратис.
„Карантинот поради Ковид-19 не е добра работа, имам многу кондоми останати во компанијата и сакам луѓето во компанијата да ми помогнат да ги користам, зошто тешко ми е да ги искористам сите. Имаме останато 3,580,000 кондоми. Додека не ја отвориме повторно фабриката, нема да произведуваме нови. За да му помогнам на населението подарувам пакетче гратис на три купени“, во свој стил се пошегувал Асприља.
На ова го мотивирале некои навивачи на Њукасл кои на Твитер го потсетиле на неговиот хет-трик против Барселона, кога го носеше дресот на Њукасл.
Remember 'Tino Asprilla's hat trick vs Barcelona? pic.twitter.com/xQfVnduE1p
— Classic Football Shirts (@classicshirts) November 10, 2017