Во последното коло од сезоната 2012/2013, Челси го совлада Евертон со 2:1. Таа сезона „сините“ ја освоија Лига Европа и обезбедија место во Лига на шампиони. После 9 години во клубот, од навивачите со проштален говор се прости бекот Пауло Фереира. За тоа време на цел стадион поинтересен му беше малиот Џош Трнбал, син на резервниот голман на Челси Рос Трнбал.