Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Цел Нов Зеланд се чуди на голов

Да има ФИФА мадиња, наградата Ференц Пушкаш ќе му ја даде на анонимусов Емилијано Таде од аматерскиот клуб Централ Јунајтед од Нов Зеланд. Па ова не е нормално што го направи од таа далечина.

Шампионското славје на фудбалерите на Јувентус

Јасно е дека без навивачи прославата изгледа сиромашна, но според условите таа е повеќе од достојна со музика, конфети и светлечки ефекти. Играчите се целосно во елемент и на стадион и во автобус. Слават деветта во низа, што се нема случено до сега во Италија.

Хрватски навивачи му пејат приспивна на словачко бебе

Не дека ќе го успијат, ама барем синхронизирани и стишани успеваат да му го одржат вниманието, без разлика на јазичните разлики кои него не му менуваат ништо со оглед на возраста. Баш симпатично.

Приказна за Ектор Купер - малерозниот гениј со чудна судбина

Човекот по природа е навикнат да им се диви на победниците, но понекогаш историјата на вечните губитници знае да биде интересна и не заслужува помало внимание.

Што е со тренингов на Реал во пресрт на ЛШ?

Ринге, ринге раја, дошо чика Паја, и донео јаја, једно јајце муч, сите деца чуч. Инаку Реал на 7 август го игра реванш осминафиналниот дуел против Манчестер Сити. Првиот го загуби 2:1.

Триумфот на Југославија над СССР за кој Тито ги наградил фудбалерите по 100 долари, а Сталин своите ги казнил

Иако се работело за Олимписки игри, сепак тоа повеќе личело на политичка пресметка на две комунистички страни: Тито vs Сталин. Победниците биле херои на нацијата, а поразените, губитници кои биле деградирани.

Ништо чудно Јувентус со деца да игра против Рома

После поразот од Каљари 2:0, тренерот на старо-новиот италијански шампион Јувентус Маурицио Сари разочарано констатираше дека управата на Серија А ги провоцира и дека е лудо да играат 5 меча во 12 дена и тоа во пресрет на решавачкиот дуел со Лион во Лига на шампиони.

Највеселиот Ром во шпанска Примера, нема мобилен телефон, се оженил на 16 години

Фали Хименез е стопер, главен играч во одбраната на новиот шпански прволигаш Кадиз. Тој е еден од ретките кои се декларира како Ром во шпанскиот фудбал и вели дека е горд на своето минато. „Имам 26 години а се чувствувам како 35-годишен.

Лудата банда од Кадиз што ќе ја направи шпанска Ла Лига повесела

Од 2006-та година, кога испадна од Примера, Кадиз се давеше меѓу втора и трета шпанска лига. Сега конечно дојде време, после 14 години одново да уживаат во дражта на најдоброто шпанско друштво. Важат за луда екипа со луди навивачи.

Не сум толку стар, копиљ

Откако неговиот Вотфорд испадна од Премиер лига, а Трој Дини како најдобар стрелец и капитен на тимот беше прашан дали ова значи дека ова е негов последен натпревар не само за клубот туку и во фудбалот воопшто, Дини во свој стил одговори:

Моќна промоција на новите дресови на Осогово

Фактот дека играат во втора лига, во Македонија, никако не ги спречува да скоцкаат видео како Манчестер Сити на пример. Студио, позадина, камера, фотоапарат, позирање и јака музика. Знаат кочанчани како се прави промоција на ниво и на нов дрес, ама и на клуб.

НБА се врати, играчите носеа пароли наместо презимиња на дресови

Ноќта помеѓу четврток и петок се возобнови сезоната 2019/20120 во НБА која што беше прекината поради коронавирусот во март.

Потценетиот италијански напаѓач кој сезонава е поефикасен е од Џеко, Игуаин и Дибала

Имобиле и Роналдо сезонава се главни фаци во италијанско, исто како и Лукаку. Но се запрашал ли некој кој е четвртиот најдобар стрелец во Серија А, кој даде повеќе голови од многу славни голгетери? А пази ова, на 32 години ја игра само третата сезона во елитното друштво.

Јас ниту ја положувам, ниту те респектирам

Мојот колега беше многу мек со тебе во играта еден на еден, но од мене тоа не можеш да го очекуваш. Неколку секунди потоа:

Комбинациите во последно коло за Пандев да остане во Серија А

Фудбалерите на Џенова си го искомпликуваа патот до опстанокот кој можеа да го остварат уште синоќа и сега втора година по ред треба да играат под притисок и да им го дигаат притисокот на навивачите.

Милионерот помеѓу македонските фудбалери!

Пред два дена објавија еден историски момент за македонскиот фудбал, а тоа е дека на мечот Слога Виница - Росоман во игра влегол Драгослав Здравков, кој со 57 години е највозрасен играч кој заиграл во втора лига. А сега откриваат и детаљи за него. Вредноста на јахтата ја кријат во тајност.

Јан Колер (202см) vs Роберто Карлос (168 см) - најјак дуел во Лига на шампиони

Бразилецот кој за Супер Купот на УЕФА беше во Скопје како почесен гостин на фан клубот на Реал Македонија, е висок 1,68. Едни од најтешките борби ги водеше против чешкиот див Јан Колер, синоним за страшен гигант.

Првиот играч што дал најмалку 50 гола и за Интер и за Милан

Со два нови гола во Серија А, овојпат во убедливиот триумф на Милан над Сампдорија 1:4 на гости, Златан Ибрахимовиќ стана првиот фудбалер во историјата на миланските гиганти кој дал по најмалку 50 гола за Милан и за Интер.

А на Берарди голот го видовте ли?

Изненадување од сенка во италијанскиот шампионат е дефинитивно Сасуоло, доста ефикасна екипа со 11 голови повеќе од Наполи која синоќа ја потопи Џенова со петарда. Главни играчи им се Капуто со 21 гол и Берарди со 14. Овој вториот даде бомбастичен гол.

То бе мајсторе, ја искина мрежата

На шампионот на Италија веќе не му се игра и синоќа загуби од Каљари 2:0. Ама и кога играше беше далеку од брилијантен, особено во одбрана. Овој пат беа доста опасни и во напад, особено Бернардески кој ја прати топката во Торино.

Навивач на Гладбах не сакал да го изговори името на Келн на квиз и изгубил 500 евра

Навивачот на Борусија Менхенгладбах Калус Блумел е хит во германската јавност, откако се „прослави“ на еден квиз.

ВАР е решение или проблем? Серија А бележи рекорден број на пенали

Големата технолошка поддршка за проценки на судиите требаше да биде начин кој ќе помогне да се ограничат контроверзите, кои излезе дека само се зголемија.

Венгер научил како се хранат Јапонците, го применил тоа и станал непобедлив со Арсенал

Легендарноста на Арсен Венгер во Арсенал може да се опише со еден збор: непобедливост.