Интересно Ибрахимовиќ има 57 гола за Интер и 51 за Милан. Градот Милано би требало да му додели орден за посебни заслуги. Ибракадабра да не заборавиме има 38 години, а во текот на својата кариера решеташе и уште решета ширум Апенините.
Да не заборавиме и дека за Манчестер Јунајтед пред некоја сезона постигна 29 гола на 43 меча и тоа со повреда на лигаментите.
Во црно-синиот дрес се запишувал во листата на стрелци против: Парма (5 гола), Сампдорија (4), Емполи (4), Ливорно (4), Палермо (4), Торино (3), Реџина (3), Сиена (3), Рома (3), Аталанта (3), Лацио (3), Киево (2), Каљари (3), Милан (2), Асколи (2), Катанија (2), Лече (1), Џенова (1), Болоња (1), Месина (1).
За Милан досега во кариерата стрелал вака: против Рома (4 гола), Интер (4 гола), Палермо (4), Џенова (3), Каљари (3), Сиена (3), Болоња (3), Лацио (3), Киево (2), Јувентус (2), Сампдорија (2), Катанија (2), Фиорентина (2), Лече (2), Сасуоло (2), Новара (2), Парма (2), Наполи (2), Чезена (1), Удинезе (1), Бреша (1), Аталанта (1).
Интересно Златан во дресот на Милан постигнал 4 гола во дербито против Интер, а обратно за Интер против Милан 2. Во кариерата претходно за Ајакс постигна 35 погодоци, за Јувентус 23, за Интер 57, за Барселона 16, за ПСЖ 113, за Манчестер Јунајтед 29, за Лос Анџелес Галакси 22, за репрезентацијата на Шведска 62 погодоци. Просто легенда.
Синоќа неговото име пак стоеше на семафорот кај стрелците:
Zlatan Ibrahimovic becomes the first player to score 50 Serie A goals for both Milan clubs 🔴🔵 pic.twitter.com/i0oKNKwxeU
— ESPN FC (@ESPNFC) July 29, 2020
А пазете ја асистенцијава до Чаланоглу за 0-2:
За Златан Ибрахимовиќ ова беше 6-ти гол сезонава за Милан. Швеѓанецот со босански корени од 2006-та до 2009-та играше за Интер каде исто се изнадава голови. А сега одново дава и тоа за другиот клуб во градот кој многу го цени независно од боите на дресот кој го носи.