Навивач на Гладбах не сакал да го изговори името на Келн на квиз и изгубил 500 евра

Навивачот на Борусија Менхенгладбах Калус Блумел е хит во германската јавност, откако се „прослави“ на еден квиз.

Тој се натпреварувал во квизот „Gefragt, gejagt“ на германскиот Прв канал (ARD), еден од најголемите и најпопуларни германски тв канали.

На една од задачите, за една минута треба да се одговори на што повеќе прашања. За точен одговор се добива 500 евра, за неточен заработената сума се намалува за толку. После неколку минути заработените пари „ги браниш“ од експертите во дуел еден на еден.

Едно од прашањата кое навивачот на Менхенгладбах Клаус Блумел го добил гласело: „Кој играше во втората Бундеслига во сезоната 2018/2019?“. Блумел активно прати фудбал и го знаел одговорот но кратко рекол: „Не, не можам да одговорам“.

Откако водителот рекол Келн, Блумел одговорил потврдно: „Да“.

Германскиот твитер се запали со фразата: „Има работи кои се повредни од пари“:

НАВИВАЧИТЕ СЕ СИТАТ, БОРУСИЈА СЕ ГОРДЕЕ

Откако луѓето од Менхенгладбах го виделе видеото на Твитер, моментално го поканиле Клаус на гости: „Такво образовно поведение треба да биде наградено. Драг навивачу, те молиме да дојдеш кај нас. Ние и нашиот спонзор имаме нешто за вас“.

На квизот Блумел освоил 2.500 евра.

ГОЛЕМО ДЕРБИ СО МНОГУ ТЕНЗИЈА

Во Рурскиот басен има неколку ривалства меѓу кои најголемо е дербито Шалке - Борусија Дортмунд.

Во Северна Рајн-Вестфалија во 2002-ра година излегла книга која раскажува за фудбалот во овој регион и се вика „Земја на илјада дербија“.

Келн и Гладбах се стари ривали, едни од најстарите во цела Германија. Нивното дерби е познато како Рајнско дерби. Тука се уште и Фортуна Дизелдорф против Баер Леверкузен кои се на 50 километри од Келн и Менхенгладбах.

Пред пет години фудбалерот на Гладбах Ховарт Нордтвејт пред дерби со Келн рекол: „Можеби е претерано, но ние и да испаднеме, само да не изгубиме од Келн“.

А потпретседателот на Борусија Менхенгладбах Рајнер Бонхоф рекол:

„Ова е дерби! Од моја перспектива дури и поголемо од рурското дерби меѓу Дортмунд и Шалке“.

И Келн и Менхенгладбах некое време биле големи ривали со Дизелдорф, но се се сменило во '60-те години кога Борусија ја презел легендата на Келн и тренер од овој град, Хенес Вајсвајлер.

Вајсвајлер бил творец на златната Борусија Менхенглдбах, тој период се смета за најуспешен во историјата на клубот. Тој ги октрил Јуп Хајнкес и Гинтер Нецер, а освојувал и пехари во еврокуповите.

Во 1975-та година дури и добил договор од Барселона каде останал само една година. А во 1976-та го презел Келн и после две години освоил златна двојна круна со овој клуб.

Најинтересната сезона во историјата на Бундеслига била 1977/78 кога Келн и Борусија Менхенгладбах се бореле до последно коло за титулата.

Гладбах во тоа последно коло ја прегазил Борусија Дортмунд со 12-0 и тоа до ден-денес е рекорден најубедлив триумф во историјата на Бундеслига. Во исто време Келн со 5-0 го победил Сент Паули и на крајот само благодарение на подобрата гол разлика од +3 Келн на тренерот Вајсвајлер ја освоил втората шампионска титула.

29 јули 2020 - 18:39