Offside

Во драматични натпревари од осминафиналето на Светско првенство, репрезентацијата на Парагвај која едвај стигна до оваа рунда, ја елиминираше Германија на пенали и го направи најголемото изненадување на Мундијалот. На пенали испадна и Холандија.

Кога Мурињо џабе на полувреме му трубел 14 минути на Марио

Една од најјаките анегдоти раскажана од страна на Мурињо пред камера ни е оваа од времето кога му бил тренер на Балотели во Интер. Имале гостување во ЛШ, а Жозе имал проблеми за да го скрои нападот, ама џабе бе, не созреа и не созреа.

Во Кореа веќе паѓаат убави голови

На 8. мај во Јужна Кореа почна фудбалското првенство. Во првото коло после долгата пауза поради коронавирусот паднаа убави голови. Дербито на колото во саботата го играа Канвон и Сеул. Домаќините примија брз гол, ама брзо се вратија во игра. А во 85' минута Жо Же Ван им донесе водство со прекрасна мајсторија. После неколку секунди падна уште еден гол за конечни 3-1.

Симан и пред Шаќири имаше голем, голем кикс

На денешен ден во 1995-та година, шпанска Сарагоса и Арсенал играа финале на Куп на купови во Париз. Шпанците поведоа преку Еснајдер, Хартсон израмни, а во последните секунди од продолженијата пред пеналите Најим го шокираше Симан од преку 40 метри.

Кјелини откри кои се двајцата најлоши фудбалери со кои играл, двајцата му одговорија

Џорџо Кјелини е еден од главните јунаци на карантинот во Серија А. Капитенот на Јувентус меѓу првите се договори со сите соиграчи за тешкото прашање - да се откажат од плати за два месеци и да ги добијат парите кога фудбалот ќе се нормализира.

Мајсторијата на Анри која не можеше да се предвиди

Арсенал - Манчестер Јунајтед, октомври 2000-та. Голчиште за аналите. Го повторуваме после 20 години, а да можеме би го повториле и по 200.

Одма се виде дека не е намерно

Нема тој толку мозок и разбирање спрема тие твои фори и крај на муабетот. После ова другарите не го викаат ни за во публика.

Монтажер кој остана без работа во кризава

Ај сега повторно прочитајте го насловот, бидејќи ние друго објаснување немаме. Инаку да, боб санка е ова.

Како вистинскиот избор на скаутирање го направи Тотенхем финалист во ЛШ

Уште неотрезнети од чудесниот кам бек на Ливерпул против Барса во ЛШ, ден потоа или поточно на 8 мај лани, Спарси го замрзнаа Амстердам на сличен начин. Зад тој успех се крие приказната на четири трансфери за кои раскажува поранешниот нивен скаут, Дејвид Веб.

Најмачната вежба за време на карантин

Дај нека не пуштат надвор да излегуваме, не можам веќе вака, раце ми паднаа.

Фудбалскиот бубатор кој го основал Трансфермаркт, најголемиот портал кој работи како Википедија

Интересна приказна има основачот на сајтот без кој не може да помине некој муабет за трансфер, за вредност на играч или фудбалски гласини. Почнал од 0 па го продал мнозинскиот пакет акции за 10 милиони евра.

Кога ќе го стигне некој да ни пишете

Ракометниот Бог на Македонија, машината за голови и еден од најдобрите спортисти во македонската историја.

Људина

Ви текнува на ова лани во Доха на Светското првенство во атлетика? Светот го освои со овој бесценет гест, а не со трката.

Ова 3 се брои така?

На времето во маало беше престиж да му ја дадеш на голманот кроз нозе, па викавме ова два се брои. А малиов бе колку гола да бара?

Кучето е најдобар пријател на човекот

Другар, ортак за сè, па и за вежбање со тегови бицепс, трицепс, гради.

Кога Џиџи Буфон носел број 88, ама го обвиниле дека има врска со Хитлер

Секој носи некаков грев со себе, па така и неприкосновениот Џиџоне кој како млад имал неколку киксови како млад. Пробал да се вади но јавноста реагирала бурно и тоа му е единствена дамка во кариерата.

Какво ѕвериште беше Хаким Олајџувон

Лик без кој не можеше да се спомне ерата на Мајкл Џордан. Човек кој одбележа едно убаво време во НБА. Два пати стана шампион со Хјустон Рокетс во 1994 и 1995. Два пати беше МВП на финалето и еднаш МВП на регуларниот дел. Дури 12 пати се појави на Ол Стар. Од 1984-та до 2001-ва играше за Рокетс а пред пензијата поигра малку и за Торонто Репторс во сезоната 2001/2002.

Не се гледа секој ден голмани да даваат гол

Бред Фридел, Тим Хауард, Питер Шмајхел и уште малку други голмани успеале да се прослават како голмани со постигнат гол. Ако не можат соиграчите одам јас во шеснаесетник.

Ерик Кантона и на 53 години го има осетот

Иако се пензионираше во 1997-ма година кога ја освои четвртата титула со Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона и ден-денес на 53 години покажа дека има повеќе од осет од многу актуелни млади играчи на англискиот клуб.

Кое јуначиште е овој Синиша

Биеше битка со една од најтешките болести која ја победи со дисциплина и срце. Потоа дојде проклетата корона, а со неа и карантинот. Но Синиша Михајловиќ е голем борец. И покрај сите заебанции, утринава се појави во тренинг кампот на Болоња.

Шампионско изненадување за младоженците, односно за зетот

Кога кумот и другарите ќе се потрудат на најсликовит начин да ти дадат до знаење, дека прстенот не значи бришење на фудбалските собири во вторник и среда. 

Судии и чирлидерси со маски, почна бејзболот во Кореа

Во вторникот стартуваше корејската бејзбол лига и се изгледа надреално, најверојатно како што ќе изгледаат сите други спортови во 2020-та во целиот свет.

Виери до Верон: Ако ви треба булдожер во Естудијантес ќе дојдам, 106,4 кила сум направен

Нова супер интересна Инстаграм епизода од серијалот на Бобо Виери кој постојано се слуша со поранешни соиграчи. Конечно се скраси дома и стана татко, ама навечер не спие и го проверува детето дали дише. Откри и кој од колегите се прави дрво од две чаши вино.

Иниеста им се јави на децата родени благодарение на неговиот гол со Челси

Во 2009-та година Пеп Гвариола во дебитантска сезона на клупа на Барселона освои тројна круна: Ла Лига, Куп на Шпанија и Лига на шампиони. Многумина тврдат дека таа екипа на Барса го играше најубавиот фудбал на сите времиња.

Најдобриот гол со рабона некогаш виден

На денешен ден, 7. мај пред 13 години, на меч од шведската лига меѓу Еребро и ИФК Гетеборг (0-4) Перуанецот со шведски пасош Андрес Васкез постигна гол кој ги фрапирал сите гледачи.