Уште од утевечер (четврток), МТВ ќе го пренесува дуелот Вардар 1961 - Фленсбург, прв натпревар во Лига на шампиони за црвено-црните после речиси повеќе од месец и половина (одложени беа средбите со ПИК Сегед и Елверум на нивно барање поради голем број на позитивни играчи и членови на стручен штаб).
Вардарци ќе го бркаат првиот триумф сезонава во Европа и после долго време ќе играат на домашен терен (за жал, без публика поради глобалната ситуација).
Македонската радио телевизија, соопшти уредникот Драган Николовски на Фејсбук, ќе ги пренесува и натпреварите на македонските тимови во новоснованата Европска лига во која играат Металург и Еурофарм Пелистер, но и големи имиња како Рајн-Некар Левен, Монпеље и други.
Ова ќе биде добра новина за аудиториумот во земјава кој беше навикнат дека правата за ракометна Лига на шампиони ги поседува „Арена Спорт“, а МРТ лани и еве сега успеа да исползува преземање на правата за пренос поради висок национален интерес.
Македонските ракометни претставници во еврокуповите - во живо на МТВ !!! 😀 Почнуваме в четврток (15 окт) од 20.40 со преносот на МТВ-1 од натпреварот во ЕХФ Лигата на шампионите ВАРДАР-ФЛЕНСБУРГ.
Posted by Спорт на МТВ on Wednesday, 14 October 2020
Од РК Вардар 1961 соопштија и дека денес направиле комплетно дополнително тестирање на сите ракометари и стручен штаб и дека сите тестирани имале негативен резултат.
Во клубот пред неколку дена имало еден ракометар кој имал зголемена температура но не и други симптоми и бил позитивен на тестот. Поради тоа од тогаш е во домашна изолација.
Вардар 1961 објави и дека пред самиот меч со Флензбург ќе има ново тестирање на сите ракометари согласно правилата на ЕХФ непосредно пред стартот на секој меч, сите учесници да бидат тестирани.
Фото: сајт на РК Вардар 1961